Прескокни до содржината

Најнови вести

Сите спортски приказни во моментот, од сите наши извори.

16. јуни 2026
Фудбал

Лукаку влезе и Белгија веднаш израмни против Египет (ВИДЕО)

Белгија и Египет одиграа 1-1 во денешниот дуел од Светското првенство во фудбал. Египет беше подобар тим во првото полувреме, а таквата игра ја заокружи со гол на Ашур во 19. минута од натпреварот. Вториот дел беше поинтересен, имаше повеќе шанси, но и во тие 45. минути беше постигнат само еден гол. Лукаку влезе во […]

16. јуни 2026
Фудбал

Обложувач уплатил милион долари на победа на Шпанија против Зеленортски Острови

Денеска се случи најголемата сензација на Светското првенство досега, Шпанија не успеа да ја победи селекцијата на Зеленортските Острови, мечот заврши 0-0. Овој резултат ептен скапо го чинеше еден обложувач. Тој уплатил милион долари за победа на Шпанија. Коефициентот бил околу 1.085, па потенцијалната добивка му била 1.085.943,48 долари. Сигурно си помислил дека ќе ги […]

15. јуни 2026
Фудбал

Шпански фудбалер е осуден на осум ипол години затвор (ВИДЕО)

Познатиот шпански напаѓач, Рафа Мир, е прогласен за виновен од Судот на Валенсија за сексуален напад и телесни повреди, доби казна затвор од осум ипол години. Ова значи дека кариерата на шпанскиот фудбалер е најверојатно завршена, откако беше обвинет дека заедно со пријател извршиле два сексуални напади на 1 септември 2024 година, а жртвите биле […]

15. јуни 2026
Фудбал

Херојско деби на Мундијалите со 40 години, човекот кој ја запре Шпанија! (ВИДЕО)

Зеленортските Острови направија вистинска сензација на Светското првенство откако одиграа 0-0 против Шпанија, а херојот се вика Возиња. Тој е 40-годишен голман кој денеска правеше чуда на голот. Делуваше сигурно, во секој момент знаеше што прави, имаше неколку фантастични одбрани и беше прогласен за играч на мечот.

15. јуни 2026
Фудбал

Чудо: Шпанија не ги победи Зеленортските Острови!

Селекцијата на Зеленортските Острови имаше фантастично деби на Светските првенства откако остана непоразена против големиот фаворит, селекцијата на Шпанија, натпреварот заврши 0-0. Според многумина Шпанија е најголем фаворит за освојување на Светското првенство, а Зеленортските Острови еден од најголемите аутсајдери на Мундијалот. Но, денеска Шпанците не успеаа да го најдат патот до мрежата на Зеленортските […]

15. јуни 2026
Фудбал

Ојарзабал испиша негативна историја на Светските првенства

Фудбалерот на Шпанија, Микел Ојарзабал влезе во историјата на Светските првенства, но по негативно остварување. Ојарзабал стана првиот фудбалер од 1966 година кој играл на Светското првенство и во првите 30 минути од мечот ниту еднаш не ја допрел топката. 0 – Spain's Mikel Oyarzabal is the first player on record since 1966 to play […]

15. јуни 2026
Фудбал

Фудбалер од Евертон потпиша за Чукарички

Чукарички го претстави своето прво засилување за новата сезона, откако во клубот пристигна младиот крилен напаѓач Окезије Чибуике Коби Ебере од редовите на Евертон. Фудбалерот роден во 2005 година потпиша тригодишен договор со клубот од Баново Брдо. Ебере настапува на позицијата лево крило, а може да игра и на повеќе офанзивни позиции. Станува збор за […]

15. јуни 2026
Фудбал

Селектор доби отказ по првиот натпревар на Светското првенство

Уште не е завршено првото коло од Мундијалот, а веќе падна првата „глава“, селекторот на Тунис, Сабри Ламуши доби отказ по тешкиот пораз од Шведска. Тунис синоќа со 1-5 беше поразен од Шведска. Разочарувањето од Фудбалската федерација на оваа земја беше дотолку големо што веднаш му дадоа отказ на селекторот Ламуши. Информациите велат дека раководството […]

15. јуни 2026
Фудбал

Падна договор, Аморим е нов тренер на Милан

Поранешниот тренер на Спортинг и Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ќе биде нов тренер на Милан. Според Фабрицио Романо, договорот е постигнат меѓу Милан и Аморим, а наскоро ќе биде и официјално потврден. Рубен Аморим доаѓа на местото од Масимо Алегри кој доби отказ откако не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Целта на […]

15. јуни 2026
Фудбал

Причината поради која Јапонците ги чистат стадоните после мечот (ВИДЕО)

Ново Светско првенство, иста навика на јапонските навивачи, по завршувањето на натпреварот го чистат стадионот, па потоа заминуваат. Јапонија вчера го почна настапот на Мундијалот, одигра 2-2 против Холандија, а после мечот јапонските навивачи уште еднаш му дадоа пример на целиот свет, го исчистија стадионот. „Тоа е култура, но тоа е почит за се. Почит […]

15. јуни 2026
Телевизија

Денеска на Арена М: Мундијалски натпревари, кошаркарско финале во Турција…

Продолжуваат возбудувањата на Светското фудбалско првенство, следуваат нови мечеви, а од денеска натпреварите почнуваат од 18 часот, ќе гледаме и средба од финалната серија во турската кошаркарска лига. Денот почнува со дуелот меѓу Шпанија и Зеленортските Острови, од 21 следува средбата меѓу Белгија и Египет, на полноќ е мечот Саудиска Арабија – Уругвај, програмата ќе […]

15. јуни 2026

Сензација во Белата куќа: Гејчи го победи Топурија и стана шампион (ВИДЕО)

Утринава се одржа посебниот УФЦ настан, локацијата беше Белата куќа, а еден од гледачите беше и американскиот претседател Доналд Трамп. Џастин Гејчи направи големо изненадување победувајќи го Илија Топурија во главната борба. Шпанецот со грузијско потекло, Илија Топурија важеше за огромен фаворит, дури и кога беше најавена борбата многумина тврдеа дека борбата нема да биде […]

15. јуни 2026
Фудбал

Шведска до врв ја наполни мрежата на Тунис, БСК во 90. минута го победи Тунис! (ВИДЕО)

Ноќеска се одиграа два натпревари од Светското фудбалско првенство кои донесоа сосема различна слика на теренот. На суперефикасниот дуел, Шведска со убедливи 5-1 го декласираше Тунис, додека на втората средба падна само еден погодок во победата на Брегот на Слоновата Коска од 1-0 против Еквадор. Швеѓаните имаа фантастичен старт на Мундијалот, бидејќи ретко кој очекуваше […]

15. јуни 2026
Фудбал

Мирно прво полувреме, четири гола во второто – Холандија и Јапонија одиграа без победник (ВИДЕО)

Холандија двапати водеше, но не успеа да ги освои трите бода против Јапонците кои се спасија со погодок во финишот, натпреварот заврши 2-2. Мрежите мируваа до 51. минута кога Ван Дајк постигна гол за водство на Холандија од 1-0. Предноста на Холанѓаните не траеше долго, веќе во 57. минута Накамура го изедначи резултатот на 1-1. […]

14. јуни 2026
Фудбал

Германија немаше милост за Курасао – му даде седум гола (ВИДЕО)

Германците покажаа моќ против дебитантот Курасао иако се чини дека победата беше остварена со половина сила, конечниот резултат беше 7-1. Натпреварот на „НРГ Стадионот“ во Хјустон понуди вистинска голеада. Аутсајдерот парираше до пред полувремето, меѓутоа потоа следуваше сериозен пад и тоа се одрази на резултатот. Првиот гол беше дело на Феликс Нмеча во шестата минута […]

14. јуни 2026
Одбојка

Втор пораз на Македонија во Европската лига, загубивме од Грција

По две победи едноподруго, машката македонска одбојкарска репрезентација загуби со максимални 0-3 (19-25, 20-25, 23-25) од Грција. Мечот го почнавме лошо, во првиот сет освоивме 19 поени, како одминуваше мечот бевме се подобри. Најголем отпор пруживме во третиот сет во кој освоивме 23 поени. Никола Ѓоргиев со 11 поени и Филип Савовски со 10 поени […]

14. јуни 2026
Ракомет

Барселона пак седна на ракометниот трон, 13. титула во ЛШ

Барселона ја освои ракометната Лига на шампиони откако го совлада Фуксе Берлин со 37-34 и по 13. пат стана првак на стариот континент. Финалето не беше неизвесно, Барселона доминираше, Фуксе Берлин при крајот успеа да се доближи, но ништо не наговестуваше пресврт. Барселона на полувремето имаше предност од четири разлика, беше 20-16. Каталонците неколкупати имаа […]