Прескокни до содржината

Најнови вести

Сите спортски приказни во моментот, од сите наши извори.

17. јуни 2026
Фудбал

Два гола на Мбапе, Франција го победи Сенегал! (ВИДЕО)

Победнички старт за Франција на Светското првенство, Французите одиграа меч со две различни полувремиња и со 3-1 го победи Сенегал, два гола на Килијан Мбапе. Фаворитот почна бавно, Франција ја имаше топката, но Сенегал беше поопасен во првото полувреме од контра напади. Џексон и Сар имаа фантастични шанси во првиот дел, Французите можеа да бидат […]

17. јуни 2026
Фудбал

Се најавува невреме, може да се одложи меч од Светското првенство!

Во Хјустон станува напнато, но не поради фудбалски работи, туку поради најава за невреме кое може да го одложи мечот меѓу Португалија и Конго. Се очекува првата тропска бура во сезоната која се предвидува дека ќе го погоди градот токму во среда на денот на натпреварот. А тоа може да го загрози спектаклот. Во исто […]

16. јуни 2026
Фудбал

Силекс ги чести навивачите: Бесплатен превоз и влезници за дуелот со Динамо во Скопје!

Откако денеска го дозна својот противник за првото квалификациско коло од Конференциската лига, кратовски Силекс се одлучи за убав потег со кој ги израдува своите симпатизери. Со цел да се обезбеди што поголема поддршка од трибините за мечот со Динамо Минск, раководството на клубот соопшти дека за сите навивачи од Кратово кои сакаат да го […]

16. јуни 2026
Фудбал

Официјално: Аморим е нов тренер на Милан

„Росонерите“ попладнево го потврдија Рубен Аморим за нов тренер, стратегот вели дека со нетрпение чека да почне, и одблизу да ја доживее страста што го прави клубот од „Сан Сиро“ посебен. Милан реши довербата за новиот проект да му ја укаже на Рубен Аморим, стратегот утрово го потпиша договорот, па попладнево пристигна и официјална потврда. […]

16. јуни 2026
Фудбал

Силекс доби тим од Белорусија, Шкендија ќе игра со противник од Гибралтар

Македонските претставници во квалификациите од Конференциската лига, Силекс и Шкендија денеска ги добија своите противници за првото коло. Силекс за противник го доби поранешниот белоруски шампион, Динамо Минск. Првиот натпревар го игра на гостински терен, а реваншот е во Скопје. Шкендија ќе игра против тимот на Европа од Гибралтар, а исто така на првата средба […]

16. јуни 2026
Фудбал

Официјално: Бразилецот Рафаел Силва е нов играч на Шкендија

Шкендија денеска потврди ново засилување, во тетовскиот клуб доаѓа Рафаел де Фреитас Силва кој стави потпис на двегодишен договор со македонскиот вицешампион. Шкендија продолжува да го гради тимот за новата сезона. Тие го официјализираа потписот на Рафаел де Фреитас Силва. Постигнат е договор на две сезони, до јуни 2028 година. Бразилскиот играч за врска ги […]

16. јуни 2026
Фудбал

Вардар доби фински противник во квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион, Вардар, на денешната ждрепка го доби финскиот Купс за противник во квалификациите од Лигата на шампионите. Првиот натпревар меѓу Вардар и финска Купс се игра на 7/8 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 14/15 јули во Финска во првото коло од квалификациите. „Црвено-црните“ се враќаат во елитното натпреварување по пауза од […]

16. јуни 2026
Тенис

Сестрите Вилјамс се враќаат на Вимблдон, ќе играат во двојки!

Тениските суперѕвезди, сестрите Серена и Венус Вилијамс се враќаат на Вимблдон, добија вајлд карта за заеднички настап на турнирот во двојки. 44-годишната Серена Вилијамс во 2022 одигра меч кој требаше да биде последен во нејзината кариера, но минатата недела се врати и настапи на Квинс. Нејзината постара сестра, Венус Вилијамс која утре ќе наполни 46 […]

16. јуни 2026
Фудбал

Официјално: Ридигер стави потпис на нов договор со Реал Мадрид

Германскиот централен бек, Антонио Ридигер, потпиша до 30 јуни 2027 година, потврди Реал Мадрид. Жозе Мурињо продолжува да го крои тимот за наредната сезона, покрај новите засилувања, кралскиот клуб ги продолжува договорите со играчите кои треба да бидат клучен дел од составот на Португалецот. „Специјалниот“ даде зелено светло за нов договор на Антонио Ридигер, Германецот […]

16. јуни 2026
Фудбал

Роберто Лопес од Зеленортските Острови има неверојатна приказна

Зеленортските Острови вчера направија чудо на Светското првенство откако останаа непоразени против големиот фаворит, селекцијата на Шпанија. Оваа егзотична земја стана хит, од таму доаѓа и неверојатна приказна за фудбалеорт Роберто Лопес. Пред само десет години Лопес работел како советник за станбени кредити во Ирска и паралелно играл полупрофесионален фудбал за Бохемијанс. Пресвртот во неговата […]

16. јуни 2026
Фудбал

Ренар сепак ќе биде дел од СП, почнува од второто коло

По првото коло на Светското првенство, Тунис направи промена на селекторската позиција, синоќа отказ доби Сабри Ламуши, а денеска за нов предводник е назначен Ерв Ренар. Ренар требаше да ја води Саудиска Арабија на Светското првенство, но доби отказ на два месеци пред почетокот на Мундијалот. Сепак, судбината сакаше тој да биде дел од големиот […]

16. јуни 2026
Фудбал

Силекс и Шкендија ги дознаа можните противници за Конференциската лига

УЕФА утринава ги скрати списоците за можни противници пред ждрепката за Конференциската лига, Силекс и Шкендија ги дознаа можните ривали. Силекс ќе се падне со некој од Астана (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Динамо Минск (Белорусија), Дила Гори (Грузија) и Ескалдес (Андора). Шкендија ќе игра со некој од Европа (Гибралтар), Малишева (Косово), Уна (Луксембург), Пенибонт (Велс), Рунавик […]

16. јуни 2026
Фудбал

УЕФА го скрати списокот на можни противници за Вардар во ЛШ

Денеска со почеток од 16 часот е ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, Вардар ги дозна можните противници и може да биде задоволен. Црвено-црните денеска ќе го добијат ривалот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Утрово УЕФА го скрати списокот, па Вардар ќе добие некој од: Шамрок (Ирска), Купс (Финска), […]

16. јуни 2026
Телевизија

Денеска на Арена М: Светско првенство, атлетика, кошарка…

Покрај стандардната програма од Светското првенство, денеска за првпат на Арена Спорт Македонија ќе пренесуваме и атлетика, има и меч од финалната серија во кошаркарската лига во Италија. Први на теренот денеска ќе истрчаат селекциите на Франција и Сенегал, на полноќ е мечот Ирак – Норвешка, во три часот наутро актуелниот светски шампион го почнува […]

16. јуни 2026
Фудбал

Возбудливо реми меѓу Иран и Нов Зеланд (ВИДЕО)

Иран го почна настапот на Светското првенство, одиграа 2-2 против Нов Зеланд, нерешено заврши и мечот меѓу Саудиска Арабија и Уругвај, но со по еден гол помалку. Нов Зеланд фантастично го отвори натпреварот, Џаст погоди уште во седмата минута за водство од 1-0. Во 32. минута Резајан израмни на 1-1. Тоа беше резултатот од првото […]

16. јуни 2026
Фудбал

Лукаку влезе и Белгија веднаш израмни против Египет (ВИДЕО)

Белгија и Египет одиграа 1-1 во денешниот дуел од Светското првенство во фудбал. Египет беше подобар тим во првото полувреме, а таквата игра ја заокружи со гол на Ашур во 19. минута од натпреварот. Вториот дел беше поинтересен, имаше повеќе шанси, но и во тие 45. минути беше постигнат само еден гол. Лукаку влезе во […]

16. јуни 2026
Фудбал

Обложувач уплатил милион долари на победа на Шпанија против Зеленортски Острови

Денеска се случи најголемата сензација на Светското првенство досега, Шпанија не успеа да ја победи селекцијата на Зеленортските Острови, мечот заврши 0-0. Овој резултат ептен скапо го чинеше еден обложувач. Тој уплатил милион долари за победа на Шпанија. Коефициентот бил околу 1.085, па потенцијалната добивка му била 1.085.943,48 долари. Сигурно си помислил дека ќе ги […]

15. јуни 2026
Фудбал

Шпански фудбалер е осуден на осум ипол години затвор (ВИДЕО)

Познатиот шпански напаѓач, Рафа Мир, е прогласен за виновен од Судот на Валенсија за сексуален напад и телесни повреди, доби казна затвор од осум ипол години. Ова значи дека кариерата на шпанскиот фудбалер е најверојатно завршена, откако беше обвинет дека заедно со пријател извршиле два сексуални напади на 1 септември 2024 година, а жртвите биле […]