Фудбал

Вардар доби фински противник во квалификациите за ЛШ

Вардар доби фински противник во квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион, Вардар, на денешната ждрепка го доби финскиот Купс за противник во квалификациите од Лигата на шампионите.

Првиот натпревар меѓу Вардар и финска Купс се игра на 7/8 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 14/15 јули во Финска во првото коло од квалификациите.

„Црвено-црните“ се враќаат во елитното натпреварување по пауза од повеќе години, односно последен пат настапија во 2017 година против Копенхаген.