Фудбал

Шпански фудбалер е осуден на осум ипол години затвор (ВИДЕО)

Шпански фудбалер е осуден на осум ипол години затвор (ВИДЕО)

Познатиот шпански напаѓач, Рафа Мир, е прогласен за виновен од Судот на Валенсија за сексуален напад и телесни повреди, доби казна затвор од осум ипол години.

Ова значи дека кариерата на шпанскиот фудбалер е најверојатно завршена, откако беше обвинет дека заедно со пријател извршиле два сексуални напади на 1 септември 2024 година, а жртвите биле две девојки, Андреа (21) и Карла (25).

Девојките по забава во ноќен клуб пристигнале во станот на тогашниот член на Валенсија, по што тој и пријателот ги нападнале, а случајот бил пријавен во полиција.

Двајцата осомничени на судењето тврделе дека имале сексуален однос со согласност на девојките, но тоа не им помогна.

Мир, освен затворската казна, ќе мора да исплати отштета на девојките во вредност од околу 70.000 евра.