Прескокни до содржината

Најнови вести

Сите спортски приказни во моментот, од сите наши извори.

14. јуни 2026
Одбојка

Втор пораз на Македонија во Европската лига, загубивме од Грција

По две победи едноподруго, машката македонска одбојкарска репрезентација загуби со максимални 0-3 (19-25, 20-25, 23-25) од Грција. Мечот го почнавме лошо, во првиот сет освоивме 19 поени, како одминуваше мечот бевме се подобри. Најголем отпор пруживме во третиот сет во кој освоивме 23 поени. Никола Ѓоргиев со 11 поени и Филип Савовски со 10 поени […]

14. јуни 2026
Ракомет

Барселона пак седна на ракометниот трон, 13. титула во ЛШ

Барселона ја освои ракометната Лига на шампиони откако го совлада Фуксе Берлин со 37-34 и по 13. пат стана првак на стариот континент. Финалето не беше неизвесно, Барселона доминираше, Фуксе Берлин при крајот успеа да се доближи, но ништо не наговестуваше пресврт. Барселона на полувремето имаше предност од четири разлика, беше 20-16. Каталонците неколкупати имаа […]

14. јуни 2026
Фудбал

Мурињо доби уште едно засилување, Кукуреља оди во Реал Мадрид

Реал Мадрид и Челси го договориле трансферот на Марк Кукуреља, шпанскиот бек се враќа во татковината и ќе игра за најголемиот клуб во светот. Фабрицио Романо потврди дека Челси и Реал Мадрид постигнале договор за трансфер на Кукуреља. Тој ќе биде четврто засилување за Жозе Мурињо досега откако претхдно беа договорени и Дензел Думфрис, Ибрахима […]

14. јуни 2026
Формула 1

Прва победа на Хамилтон во црвено – триумф со Ферари!

Легендарниот Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Каталонија, за него ова беше прв триумф во болидот на Ферари, Британецот со многу емоции се израдува на овој историски успех за него. Спектакл на патеката во Барселона, Хамилтон стави крај на двегодишниот пост и првпат со болидот на Ферари дојде до победа. За Хамилтон […]

14. јуни 2026
Фудбал

Робертсон брзо најде „дупка“ во новите правила на ФИФА! (ВИДЕО)

Ѕвездата во шкотската репрезентација, Енди Робертсон, најде начин како да заобиколи едно од новите правила на ФИФА кои почнаа да се применуваат од Светското првенство. Правилото гласи дека аутот мора да се изведе за пет секунди, а времето почнува да брои откако топката ќе биде во раце на изведувачот. На ваков начин ФИФА се обидува […]

14. јуни 2026
Фудбал

Не му дозволија да суди на СП, но ќе биде исплатен

Судијата Омар Артан на кого Американците не му дозволија да влезе во нивната земја, стана вистински херој во Сомалија, но и пошироко во Африка, а го дозна и целиот свет. Иако имаше и виза и дипломатски пасош, Американците не го пуштија да влезе во нивната земја. Нивниот срамен гест да му ја затворат вратата, му […]

14. јуни 2026
Фудбал

Испишана историја: Никој немал тим како Мароко на Светските првенства (ФОТО)

Мароканската репрезентација се претстави во одлично издание против Бразил, доминираше во голем дел од мечот и остана непоразена, натпреварот заврши 1-1. Она што е посебно интересно се случи од 65. минута. Мароко стана првата репрезентација во историјата на Светските првенства што немаше ниту еден фудбалер на теренот кој е роден во самата земја. Во стартниот […]

14. јуни 2026
Фудбал

Вардар победи на првиот тест во Норчија

Актуелниот македонскиот шампион, Вардар, го одигра првиот тест меч во Норчија, Италија, каде ги одржува подготовките за новата сезона, црвено-црните го совладаа тимот на Умбрија со 2-1. Умбрија е италијански нисколигаш, аматерска селекција на фудбалери. Составот на Вардар беше пред се од млади фудбалери зачинет и со неколку поискусни играчи. Со голови на младите надежи […]

14. јуни 2026
Спорт

Денеска на Арена М: Мундијал, ракомет ЛШ финале, формула, одбојка…

Мундијалската програма на Арена Спорт Македонија денеска почнува порано, Германија и Курасао уште во 19 часот ќе го отворат денот на големиот турнир, а еден час претходно стартуваме со нашата емисија посветена на Светското првенство. Во живо ќе го гледаме финалето од ракометната Лига на шампиони меѓу Барселона и Фуксе Берлин, претходно во пренос ќе […]

14. јуни 2026
Фудбал

Турција разочара на стартот – голема победа за Австралија (ВИДЕО)

Селекцијата на Турција со пораз го стартуваше настапот на Светското првенство откако со 0-2 го загуби мечот од Австралија во првото коло од Мундијалот. Турците беа фаворити во овој натпревар, ја имаа топката во своите нозе, повеќе од 70 проценти имаа посед, но не успеаа да го најдат патот до мрежата на Бич. Австралија одигра […]

14. јуни 2026
Кошарка

По 53 години, титулата се врати во „Големото јаболко“ – Њујорк е шампион!

По повеќе од пет децении чекање, Њујорк Никс се нови шампиони во НБА лигата. Во петтиот натпревар од финалето, одигран во Сан Антонио, Никс ги совладаа домашните Спарс со 94-90. Со вкупни 4-1 во серијата, стигнаа до својата прва шампионска титула уште од далечната 1973 година. Апсолутен херој на победата беше неверојатниот Џејлен Брансон со […]

14. јуни 2026
Фудбал

Џон Мекгин ѝ донесе победнички старт на Шкотска на Мундијалот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шкотска го отвори Светското првенство со минимална победа од 1-0 против Хаити. Единствениот погодок на натпреварот, кој се покажа како вреден три бода, беше дело на Џон Мекгин. Двете селекции одиграа прилично изедначен натпревар, клучната разлика на теренот ја направи токму снаодливоста на шкотскиот репрезентативец. Одлучувачкиот момент се случи во 28. минута. Мекгин […]

14. јуни 2026
Фудбал

Само реми за Бразил против Мароко на СП (ВИДЕО)

Бразил одигра 1-1 против Мароко на стартот од Светското првенство, тимот на Карло Анчелоти мора да покаже многу повеќе доколку сака остане долго на Мундијалот. Мароканците одлично го почнаа натпреварот, во воведните минути имаа доминација на теренот која резултираше со гол на Саибари во 21. минута. Десет минути подоцна се истакна индивидуалниот квалитет во составот […]

14. јуни 2026
Фудбал

Шок во 94. минута, Катар ја расплака Швајцарија! (ВИДЕО)

Швајцарија беше голем фаворит против Катар, но не успеа да ги освои трите бода, Швајцарците примија гол пред последниот судиски свиреж. Мечот заврши 1-1. Швајцарците беа подобар противник, имаа доминација, но не ги искористи шансите и Катар освои бод. Резултатот рано беше отворен, во 17. минута Емболо даде гол од пенал за водство на Швајцарија […]

13. јуни 2026
Одбојка

Македонските одбојкарки немоќни против Азербејџан

Негативната серија на женската А селекција на Македонијa во Европската лига продолжува и во четвртиот натпревар, кој попладнево со 0:3 (13:25, 15:25, 18:25) го загубија од Азербејџан, на турнирот во Аликанте. За разлика од вчерашниот дуел со Шпанија, денеска нашите одбојкарки понудија посилен отпор, особено до средината на вториот и третиот сет и се надигруваа […]

13. јуни 2026
Одбојка

Македонија е посилна од Исланд, нова победа на одбојкарите

Машката одбјкарска репрезентација на Македонија го оствари вториот триумф во Европската лига откако попладнево убедливо го совлада Исланд во свој трет меч во натпреварувањето. Нашите одбојкари славеа со 3-0 (25-21, 25-23,25-19), но резултатот не го отсликува реално односот на теренот бидејќи сите три сета беа тешко освоени. Првите два беа решавани во финишот бидејќи Македонија […]

13. јуни 2026
Фудбал

Херојот на Американците случајно добил право да игра за репрезентацијата

Напаѓачот на Монако, Фоларин Балоган, беше еден од најзаслужните за убедливата победа на САД над Парагвај со 4-1, постигнувајќи два гола и уште еднаш потврдувајќи ја својата важност за американската репрезентација. Но, малкумина знаат дека неговиот пат до дресот на САД започнал благодарение на необичен сплет на околности кој можел целосно да ја промени неговата […]

13. јуни 2026
Фудбал

Катарците толку се богати што купуваат и навивачи за Светското првенство (ФОТО)

Во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Катар и Швајцарија на Светското првенство, кој започнува во 21 часот, во јавноста се појавија информации дека дел од катарските навивачи кои престојуваат во Сан Франциско биле известени дека учеството на организираниот навивачки марш е задолжително. За да обезбеди масовна поддршка за националниот тим, Катарскиот фудбалски сојуз во соработка […]