Фудбал

Чудо: Шпанија не ги победи Зеленортските Острови!

Чудо: Шпанија не ги победи Зеленортските Острови!

Селекцијата на Зеленортските Острови имаше фантастично деби на Светските првенства откако остана непоразена против големиот фаворит, селекцијата на Шпанија, натпреварот заврши 0-0.

Според многумина Шпанија е најголем фаворит за освојување на Светското првенство, а Зеленортските Острови еден од најголемите аутсајдери на Мундијалот.

Но, денеска Шпанците не успеаа да го најдат патот до мрежата на Зеленортските Острови.

Херој на оваа репрезентација беше 40-годишниот голман Возиња кој имаше седум интервенции и беше прогласен за играч на натпреварот.

Шпанија напаѓаше во текот на целиот меч, Зеленортски Острови играа храбра и пожртвувана дефанзива која на крајот им се исплатеше.