Фудбал

Фараонско богатство: Салах добива 60 милиони евра годишно во Саудиска Арабија

Фараонско богатство: Салах добива 60 милиони евра годишно во Саудиска Арабија

Мохамед Салах е на мета на Ал Хилал, кој му нуди тригодишен договор вреден 60 милиони евра. Египетскиот репрезентативец е слободен играч, што го олеснува трансферот.

Мохамед Салах би можел ова лето да направи еден од најголемите трансфери во светот на фудбалот. Саудискиот гигант Ал Хилал сериозно се зафати со реализација на неговото доведување, а според информациите на бразилскиот новинар Бруно Андраде, клубот од Ријад го означил египетскиот репрезентативец како апсолутен приоритет за засилување во нападот.

Голема предност за саудискиот клуб е фактот што Салах е слободен играч, па нема да има потреба од преговори со Ливерпил околу обештетување. Иако се разгледуваат и други звучни имиња, меѓу кои и Рафиња, фокусот е целосно пренасочен кон египетскиот голгетер.

Интересно е што пред две години токму Рафиња беше прв избор на саудискиот гигант, на кој тогаш му беше понуден исклучително поволен договор. Овој пат приоритетот е сменет, а сѐ укажува на тоа дека Салах би можел да стане новото големо име во составот на Ал Хилал.

Според истите наводи, Ал Хилал за Салах подготви тригодишен договор вреден 60 милиони евра, односно 20 милиони по сезона. Во соработката би можела да биде вклучена и опција за продолжување на уште една година, со што вкупната вредност на договорот би достигнала дури 80 милиони евра. Во меѓувреме, Ливерпул веќе разгледува опции за живот по египетскиот ас, а меѓу потенцијалните наследници се споменува и младиот Жан Диоманде.