Ждрепката за Вимблдон ги одреди двојките за првото коло, како и можниот пат на главните фаворити до завршницата на турнирот.
Бранителот на титулата Јаник Синер ќе стартува против Миомир Кецмановиќ, додека Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра со Јибинг Ву. Доколку двајцата ги оправдаат очекувањата, ќе се сретнат во полуфиналето.
Во долниот дел од ждрепката се наоѓа вториот носител Александер Зверев, кој турнирот ќе го отвори со меч против Александер Блокс. Германецот е на спротивната страна од Синер и Ѓоковиќ, па со нив може да се сретне дури во евентуалното финале.
Главната фаза на Вимблдон започнува на 29 јуни на тревните терени во Лондон.
