Фудбал

Светското првенство уште во групите стана најпосетено во историјата!

Светското првенство уште во групите стана најпосетено во историјата!

Светското првенство во САД, Канада и Мексико веќе испиша нова страница во историјата. ФИФА потврди дека е соборен рекордот по вкупна посетеност на натпреварите, иако турнирот сè уште не е ниту до половина.

Историскиот момент беше официјализиран за време на второто полувреме од натпреварот меѓу Германија и Еквадор во Ист Радерфорд, кога беше објавено дека вкупно 3.605.357 гледачи досега присуствувале на мундијалските натпревари. Со тоа е надминат рекордот од Светското првенство во 1994 година, кога на трибините имаше речиси 3,6 милиони навивачи.

Дополнително импресионира и податокот дека просечната исполнетост на стадионите е поголема од 99 проценти, што е уште една потврда за огромниот интерес за првото Светско првенство со 48 репрезентации.

Рекордот добива дополнителна тежина ако се знае дека досега се одиграни само 56 натпревари, а до крајот на шампионатот остануваат уште 48, што значи дека конечната бројка на посетители ќе биде значително повисока.