Објави од Ристе Ѓорѓиевски

Телевизија

Денеска на Арена М: Светско првенство, атлетика, кошарка…

Покрај стандардната програма од Светското првенство, денеска за првпат на Арена Спорт Македонија ќе пренесуваме и атлетика, има и меч од финалната серија во кошаркарската лига во Италија. Први на теренот денеска ќе истрчаат селекциите на Франција и Сенегал, на полноќ е мечот Ирак – Норвешка, во три часот наутро актуелниот светски шампион го почнува […]

Фудбал

Возбудливо реми меѓу Иран и Нов Зеланд (ВИДЕО)

Иран го почна настапот на Светското првенство, одиграа 2-2 против Нов Зеланд, нерешено заврши и мечот меѓу Саудиска Арабија и Уругвај, но со по еден гол помалку. Нов Зеланд фантастично го отвори натпреварот, Џаст погоди уште во седмата минута за водство од 1-0. Во 32. минута Резајан израмни на 1-1. Тоа беше резултатот од првото […]

Фудбал

Лукаку влезе и Белгија веднаш израмни против Египет (ВИДЕО)

Белгија и Египет одиграа 1-1 во денешниот дуел од Светското првенство во фудбал. Египет беше подобар тим во првото полувреме, а таквата игра ја заокружи со гол на Ашур во 19. минута од натпреварот. Вториот дел беше поинтересен, имаше повеќе шанси, но и во тие 45. минути беше постигнат само еден гол. Лукаку влезе во […]

Фудбал

Обложувач уплатил милион долари на победа на Шпанија против Зеленортски Острови

Денеска се случи најголемата сензација на Светското првенство досега, Шпанија не успеа да ја победи селекцијата на Зеленортските Острови, мечот заврши 0-0. Овој резултат ептен скапо го чинеше еден обложувач. Тој уплатил милион долари за победа на Шпанија. Коефициентот бил околу 1.085, па потенцијалната добивка му била 1.085.943,48 долари. Сигурно си помислил дека ќе ги […]

Фудбал

Шпански фудбалер е осуден на осум ипол години затвор (ВИДЕО)

Познатиот шпански напаѓач, Рафа Мир, е прогласен за виновен од Судот на Валенсија за сексуален напад и телесни повреди, доби казна затвор од осум ипол години. Ова значи дека кариерата на шпанскиот фудбалер е најверојатно завршена, откако беше обвинет дека заедно со пријател извршиле два сексуални напади на 1 септември 2024 година, а жртвите биле […]

Фудбал

Херојско деби на Мундијалите со 40 години, човекот кој ја запре Шпанија! (ВИДЕО)

Зеленортските Острови направија вистинска сензација на Светското првенство откако одиграа 0-0 против Шпанија, а херојот се вика Возиња. Тој е 40-годишен голман кој денеска правеше чуда на голот. Делуваше сигурно, во секој момент знаеше што прави, имаше неколку фантастични одбрани и беше прогласен за играч на мечот.

Фудбал

Чудо: Шпанија не ги победи Зеленортските Острови!

Селекцијата на Зеленортските Острови имаше фантастично деби на Светските првенства откако остана непоразена против големиот фаворит, селекцијата на Шпанија, натпреварот заврши 0-0. Според многумина Шпанија е најголем фаворит за освојување на Светското првенство, а Зеленортските Острови еден од најголемите аутсајдери на Мундијалот. Но, денеска Шпанците не успеаа да го најдат патот до мрежата на Зеленортските […]

Фудбал

Ојарзабал испиша негативна историја на Светските првенства

Фудбалерот на Шпанија, Микел Ојарзабал влезе во историјата на Светските првенства, но по негативно остварување. Ојарзабал стана првиот фудбалер од 1966 година кој играл на Светското првенство и во првите 30 минути од мечот ниту еднаш не ја допрел топката. 0 – Spain's Mikel Oyarzabal is the first player on record since 1966 to play […]

Фудбал

Фудбалер од Евертон потпиша за Чукарички

Чукарички го претстави своето прво засилување за новата сезона, откако во клубот пристигна младиот крилен напаѓач Окезије Чибуике Коби Ебере од редовите на Евертон. Фудбалерот роден во 2005 година потпиша тригодишен договор со клубот од Баново Брдо. Ебере настапува на позицијата лево крило, а може да игра и на повеќе офанзивни позиции. Станува збор за […]

Фудбал

Селектор доби отказ по првиот натпревар на Светското првенство

Уште не е завршено првото коло од Мундијалот, а веќе падна првата „глава“, селекторот на Тунис, Сабри Ламуши доби отказ по тешкиот пораз од Шведска. Тунис синоќа со 1-5 беше поразен од Шведска. Разочарувањето од Фудбалската федерација на оваа земја беше дотолку големо што веднаш му дадоа отказ на селекторот Ламуши. Информациите велат дека раководството […]