Објави од Ристе Ѓорѓиевски

Фудбал

Официјално: Аморим е нов тренер на Милан

„Росонерите“ попладнево го потврдија Рубен Аморим за нов тренер, стратегот вели дека со нетрпение чека да почне, и одблизу да ја доживее страста што го прави клубот од „Сан Сиро“ посебен. Милан реши довербата за новиот проект да му ја укаже на Рубен Аморим, стратегот утрово го потпиша договорот, па попладнево пристигна и официјална потврда. […]

Фудбал

Силекс доби тим од Белорусија, Шкендија ќе игра со противник од Гибралтар

Македонските претставници во квалификациите од Конференциската лига, Силекс и Шкендија денеска ги добија своите противници за првото коло. Силекс за противник го доби поранешниот белоруски шампион, Динамо Минск. Првиот натпревар го игра на гостински терен, а реваншот е во Скопје. Шкендија ќе игра против тимот на Европа од Гибралтар, а исто така на првата средба […]

Фудбал

Официјално: Бразилецот Рафаел Силва е нов играч на Шкендија

Шкендија денеска потврди ново засилување, во тетовскиот клуб доаѓа Рафаел де Фреитас Силва кој стави потпис на двегодишен договор со македонскиот вицешампион. Шкендија продолжува да го гради тимот за новата сезона. Тие го официјализираа потписот на Рафаел де Фреитас Силва. Постигнат е договор на две сезони, до јуни 2028 година. Бразилскиот играч за врска ги […]

Фудбал

Вардар доби фински противник во квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион, Вардар, на денешната ждрепка го доби финскиот Купс за противник во квалификациите од Лигата на шампионите. Првиот натпревар меѓу Вардар и финска Купс се игра на 7/8 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 14/15 јули во Финска во првото коло од квалификациите. „Црвено-црните“ се враќаат во елитното натпреварување по пауза од […]

Тенис

Сестрите Вилјамс се враќаат на Вимблдон, ќе играат во двојки!

Тениските суперѕвезди, сестрите Серена и Венус Вилијамс се враќаат на Вимблдон, добија вајлд карта за заеднички настап на турнирот во двојки. 44-годишната Серена Вилијамс во 2022 одигра меч кој требаше да биде последен во нејзината кариера, но минатата недела се врати и настапи на Квинс. Нејзината постара сестра, Венус Вилијамс која утре ќе наполни 46 […]

Фудбал

Официјално: Ридигер стави потпис на нов договор со Реал Мадрид

Германскиот централен бек, Антонио Ридигер, потпиша до 30 јуни 2027 година, потврди Реал Мадрид. Жозе Мурињо продолжува да го крои тимот за наредната сезона, покрај новите засилувања, кралскиот клуб ги продолжува договорите со играчите кои треба да бидат клучен дел од составот на Португалецот. „Специјалниот“ даде зелено светло за нов договор на Антонио Ридигер, Германецот […]

Фудбал

Роберто Лопес од Зеленортските Острови има неверојатна приказна

Зеленортските Острови вчера направија чудо на Светското првенство откако останаа непоразени против големиот фаворит, селекцијата на Шпанија. Оваа егзотична земја стана хит, од таму доаѓа и неверојатна приказна за фудбалеорт Роберто Лопес. Пред само десет години Лопес работел како советник за станбени кредити во Ирска и паралелно играл полупрофесионален фудбал за Бохемијанс. Пресвртот во неговата […]

Фудбал

Ренар сепак ќе биде дел од СП, почнува од второто коло

По првото коло на Светското првенство, Тунис направи промена на селекторската позиција, синоќа отказ доби Сабри Ламуши, а денеска за нов предводник е назначен Ерв Ренар. Ренар требаше да ја води Саудиска Арабија на Светското првенство, но доби отказ на два месеци пред почетокот на Мундијалот. Сепак, судбината сакаше тој да биде дел од големиот […]

Фудбал

Силекс и Шкендија ги дознаа можните противници за Конференциската лига

УЕФА утринава ги скрати списоците за можни противници пред ждрепката за Конференциската лига, Силекс и Шкендија ги дознаа можните ривали. Силекс ќе се падне со некој од Астана (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Динамо Минск (Белорусија), Дила Гори (Грузија) и Ескалдес (Андора). Шкендија ќе игра со некој од Европа (Гибралтар), Малишева (Косово), Уна (Луксембург), Пенибонт (Велс), Рунавик […]

Фудбал

УЕФА го скрати списокот на можни противници за Вардар во ЛШ

Денеска со почеток од 16 часот е ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, Вардар ги дозна можните противници и може да биде задоволен. Црвено-црните денеска ќе го добијат ривалот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Утрово УЕФА го скрати списокот, па Вардар ќе добие некој од: Шамрок (Ирска), Купс (Финска), […]