Тенис

Ѓорческа по пласманот на Вимблдон: Доаѓам од мала земја, горда сум…

Ѓорческа по пласманот на Вимблдон: Доаѓам од мала земја, горда сум…

Лина Ѓорческа не можеше да ги сокрие емоциите по историскиот успех и пласманот во главниот турнир на Вимблдон. 

Најдобрата македонска тенисерка стана првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи на најпрестижниот Грен слем турнир, а по победата даде емотивна изјава за телевизијата на Вимблдон.

Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историјата, и во машка и во женска конкуренција, која се избори за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот. Тоа што доаѓам од мала држава не е лесно, околу комплетната логистика, тренинзите, условите, секако и парите. Но, кога си тука даваш 100 проценти за да успееш, па на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но секако имаме огромно спортско срце“, изјави Ѓорческа.

Македонската тенисерка својата противничка за првото коло ќе ја дознае во петок од 11:00 часот, кога ќе биде одржана ждрепката за главниот турнир.