Фудбал

Бисерот на БиХ влезе во историјата на Светските првенства, урна рекорд на Мбапе

Бисерот на БиХ влезе во историјата на Светските првенства, урна рекорд на Мбапе

Златното момче на босанската репрезентација, Керим Алајбеговиќ со својата маестрална партија влезе во одбрано друштво на играчи на светските првенства. Во мечот против Катар кој заврши со победа од 3-1, тој го отвори резултатот со извонреден шут надвор од шеснаесетникот и постави рекорд.

Токму неговиот првенец на Мундијалите му овозможи да ја надмине француската мегаѕвезда, Килијан Мбапе.

Алајбеговиќ со 18 години и 276 дена, сега е најмладиот стрелец кој постигнал гол надвор од 16 метри на Светските првенства. Претходно овој рекорд беше поставен од Мбапе на Мундијалот во Русија кога тогаш младата француска ѕвезда постигна таков гол со 19 години и 207 дена.

Керим сега е осми на листата на најмлади стрелци на најголемото фудбалско натпреварување, се најде во ист кош со имиња како Пеле, Мајкл Овен, Лео Меси и Ламин Јамал.

Во меѓувреме, Босна и Херцеговина обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето, за првпат во својата фудбалска историја.