Фудбал

Илчо Ѓорѓиоски доби 30 дена притвор

Илчо Ѓорѓиоски доби 30 дена притвор

Судот му изрече 30 дена притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски кој е осомничен за проневера на околу два милиони евра.

По предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал (ОЈО ГОКК), Илчо Ѓорѓиоски и уште две лица одат во затворски притвор, а петтмина ќе бидат во домашен притвор.

„Постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК, за определување мерка притвор и мерки на претпазливост, против 12 лица кои утрово беа спроведени во судот, судија на претходна постапка, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против И.Ѓ., О.М., и Ѓ.Ч е прифатен и определена е мерка ефективен притвор од 30 дена, додека за Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А. е определна мерка куќен притвор. Воедно прифатен е предлогот и за определување мерки за претпазливот против, Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Дополнително се одлучува и за определување мерка притвор против 2 лица и мерки за претпазливост против 3 други лица кои во моментов се недостапни“, соопшти судот.