Фудбал

Матеј Гаштаров го постигна првиот гол во сениорскиот тим на Ц. Звезда! (ВИДЕО)

Матеј Гаштаров го постигна првиот гол во сениорскиот тим на Ц. Звезда! (ВИДЕО)

Младиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров го постигна својот прв погодок во сениорскиот тим на Црвена Звезда.

Фудбалерот од средниот ред се запиша меѓу стрелците во убедливата победа на белградскиот гигант над Јединство Ужице од 5-0 во контролен натпревар.

Гаштаров го постави конечниот резултат, откако одлично реагираше по грешка на противничката одбрана, ја одзеде топката во шеснаесетникот и прецизно биеше покрај голманот.