Тенис

Изненадување: Серена Вилијамс ќе игра на Вимблдон и во сингл

Изненадување: Серена Вилијамс ќе игра на Вимблдон и во сингл

Најдобрата тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс, ќе настапи на лондонската трева. Иако е долго време во пензија, Американката со 23 грен слем титули повторно се враќа на белиот спорт, потврдија од Вимблдон. Таа доби валјд карта во поединечна конкуренција од организаторите и веднаш влезе во главната ждрепка.

Англискиот грен слем го има освоено вкупно 14 пати, по седум поединечно и во двојки. Покрај во сингл конкуренција, Серена ќе настапи и во двојки заедно со нејзината постара сестра, Венус Вилијамс.

Последниот нејзин настап на Вимблдон е во финалето во 2019 година, каде загуби од Симона Халеп, а на грем слем турнирите на УС опен во 2022 година каде испадна од Ајла Томљановиќ во третото коло.

Досега во женска сингл конкуренција никој ја нема освоено титулата со добиена вајлд-карта, но две тенисерки имаат во женските двојки -токму Серена и Венус Вилијамс во 2000 и 2002.