Прескокни до содржината

Најнови вести

Сите спортски приказни во моментот, од сите наши извори.

6. јуни 2026

Анчелоти оптимист за Нејмар: „Ќе биде подготвен за Светското првенство“

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изрази оптимизам во врска со закрепнувањето на Нејмар од повредата на листот, очекувајќи го неговото враќање на теренот за Светското првенство.

6. јуни 2026
Фудбал

Комо одреди цена од 80 милиони евра за Мартин Батурина: Премиерлигаши го сакаат хрватскиот талент

По одличната сезона во Комо, Мартин Батурина стана еден од најбараните млади играчи во Европа. Клубот постави цена од 80 милиони евра, и покрај понудите од Премиер лигата.

6. јуни 2026

Солзи и страв го замрзнаа Парагвај: Повредата на најдобриот ја засени еуфоријата

Парагвај ја победи Никарагва со 4:0 во последната проверка пред Светското првенство, но радоста ја засени тешката повреда на најдобриот играч, Хулио Енсисо.

6. јуни 2026
Кошарка

Вембањама промаши шут за победа, Њујорк направи втор брејк во Сан Антонио (ВИДЕО)

Њујорк Никси направија уште еден брејк во финалната серија на НБА лигата и со победата од 105-104 на гостувањето кај Сан Антонио поведоа со 2-0. Гостите имаа контрола врз резултатот во најголемиот дел од натпреварот и во последната четвртина водеа со 97-83, но Спарси се вратија со серија од 14-0 и ја направија завршницата неизвесна. […]

6. јуни 2026
Фудбал

Рикелме се обиде да добие гласови на името на Клоп и веднаш доби „студен туш“ од Германецот

Кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, повторно доби шлаканица, овојпат за објавата дека ќе тргне по Јирген Клоп. Рикелме прво објави дека ќе го донесе Халанд, по што следуваше демант од неговиот татко, па најава за тужба од Манчестер Сити. Доцна синоќа тој кажа дека ќе го донесе Јирген Клоп за нов тренер, […]

6. јуни 2026
Фудбал

Ангелоски со победа дебитираше на клупата на Таџикистан

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, на одличен начин ја започна својата нова авантура на клупата на Таџикистан. Во пријателски натпревар одигран во Хисар, домашната селекција славеше убедлива победа над Индија со 3-1, носејќи им радост на навивачите на трибините. Таџикистанците поведоа уште во деветтата минута, кога Бобоев сигурно реализираше удар од белата […]

6. јуни 2026
Други спортови

Македонија со пораз од Холандија ја стартуваше Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимални 0-3 (19-25, 21-25, 22-25) го загуби мечот против Холандија во салата „Парк“ во рамките од новото издание на Европската лига. Холандија ја контролираше играта во првиот сет и на крајот стигна до 25-19, додека „лалињата“ не беа најдобри на почетокот на вториот сет кога Македонија водеше неколку пати, а […]

5. јуни 2026
Тенис

Не се одигра второто полуфинале на Ролан Гарос, Коболи ќе се бори за пехарот

Италијанското полуфинале на Ролан Гарос не ни почна, Матео Арналди поради болест го предаде мечот, Флавио Коболи ќе игра во финалето против Александер Зверев. Организаторот рече и дека ќе им бидат вратени парите на навивачите кои платија за да го гледаат италијанскиот меч меѓу Арналди и Флавио Коболи. Претходно Александер Зверев со 3-1 го победи […]

5. јуни 2026
Тенис

Зверев во финалето на Ролан Гарос: Меншик немаше сила за нова сензација

Александар Зверев го победи Јакуб Меншик со 3:1 во полуфиналето на Ролан Гарос, обезбедувајќи си место во големото финале. Чешката сензација не успеа да направи уште едно изненадување против моќниот Германец.

5. јуни 2026

ФИФА претстави новитет, фудбалерите на химните ќе бидат поставени на нов начин

ФИФА денеска претстави нов формат на церемонијата пред почетокот на натпреварите на Светското првенство. Кога ќе се интонираат химните, фудбалерите веќе нема да стојат во две паралелни линии како досега. Наместо тоа, двете репрезентации заедно со резервните играчи, ќе стојат во полукругови околу центарот на игралиштето. Во текот на таа церемонија ќе бидат развиорените две […]

5. јуни 2026
Ракомет

Јована Мицевска ќе го брани голот на Црвена звезда

Женскиот ракометен клуб Црвена звезда го потврди ангажманот на македонската голманка, Јована Мицевска. Црвена звезда денеска претстави неколку засилувања, а меѓу нив е и нашата голманка Јована Мицевска. Црвено-белите имаат амбициозен проект, не целат само кон доминација во домашното првенство, туку сакаат да направат исчекор и во европските натпреварувања. За македонската голманка ова е прв […]

5. јуни 2026
Ракомет

Танески поднесе оставка, Илиевски ќе ги води младинците на ЕП

Ракометната федерација на Македонија информира за промена на слекторската позиција на ракометната репрезентација до 20 години која ќе игра на Европско првенство. „Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на г-дин Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен […]

5. јуни 2026
Фудбал

Партизан во потрага по нов тренер: Жарко Лазетиќ пристигна во Хумска, преговорите започнаа

Партизан започна конкретни преговори со Жарко Лазетиќ за преземање на тренерската позиција, додека се шпекулира за заминување на актуелниот тренер Срѓан Благојевиќ.

5. јуни 2026
Фудбал

ФФМ ѝ врати на Шкендија: Никој не е над правилата, ако спонзорот им замине – ќе го почитуваме тоа

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со долго соопштение врати на најавите на Шкендија дека нивниот спонзор ќе се повлече ако не им се намали казната. ФФМ драконски ја казни Шкендија за инцидентите на финалето од Купот на Македонија, тетовскиот клуб ќе треба да плати преку 100.000 евра. Тие сметаат дека казната е превисока и најавија […]

5. јуни 2026
Други спортови

Селекторот Миленкоски го одреди списокот на одбојкарите за дуелите со Холандија и Луксембург

Селекторот Јошко Миленкоски го одреди списокот од 14 одбојкари на кои ќе смета за дуелите со Холандија и Луксембург во првиот турнир од годинешното издание во Европската лига 2026. По повредата на Александар Љафтов, селекторот беше принуден да ги остави сите комбинации во игра. На последниот пресек за овој турнир на трибините ќе остане младиот […]

5. јуни 2026
Други спортови

Ентони Џошуа размислува за премин во ММА: Дали боксерската ѕвезда ќе ја промени арената?

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, најави можност за премин во ММА, откако постигна речиси сѐ во боксот. Ова доаѓа по неговото враќање во рингот и претстојните големи борби.

5. јуни 2026

ФИФА забрани вувузели на Светското првенство

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), донесе одлука да ги забрани вувузелите за време на престојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Пластичните труби кои се појавија на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а потоа ги имаше и на другите натпреварувања, нема да бидат дозволени на престојниот мундијал. За многумина фанови овие звуци […]

5. јуни 2026
Фудбал

Желeзничар добива модерен стадион: Нова Грбавица со капацитет од 21.000 гледачи!

Работите на стадионот Грбавица напредуваат, а ФК Железничар најавува комплетна реконструкција која ќе го подигне капацитетот на 21.000 места, со цел исполнување на европските стандарди.