Фудбал

Вардар го одреди терминот за домашниот дуел со Купс во ЛШ

Вардар го одреди терминот за домашниот дуел со Купс во ЛШ

Познат е терминот за првиот европски настап на Вардар во новата сезона. „Црвено-црните“ во рамки на првото квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе го пречекаат фински Купс на 7 јули на Националната арена „Тодор Проески“.

Натпреварот во Скопје ќе започне во 19:00 часот, додека реванш средбата е предвидена за една недела подоцна на теренот на финскиот шампион.

Вардар ќе се обиде преку Купс да обезбеди место во следната рунда, каде што го очекува победникот од пресметката меѓу Сабах и ТНС. Во спротивно, скопјани ќе се преселат во квалификациите за Конференциската лига и таму ќе играат против Арарат или Рига во зависност од исходот на нивниот двомеч.