Топ Тренд

Најпопуларни приказни во моментот, рачно одобрени од уредниците.

Фудбал

Американците почнаа моќно, убедлива победа над Парагвај (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави (САД) имаа старт од соништата на Светското првенство откако со 4-1 беа подобри од Парагвај во првиот меч. Се очекуваше многу порамноправен натпревар, но Парагвајците направија многу грешки и на крајот го платија данокот за тоа. Мечот беше отворен уште во седмата минута кога Бобадиља си постигна автогол за водство на САД […]

Фудбал

БиХ водеше долго, но не издржа – заслужен бод за Канада (ВИДЕО)

Селекцијата на Босна и Херцеговина водеше во најголемиот дел од натпреварот, но попушти во финишот, Канада дојде до реми со гол на Ларин на десетина минути пред крајот, конечниот резултат беше 1-1. Босанците подобро го почнаа мечот. По еден корнер во 21. минута, Колашинац со глава асистираше до Лукиќ кој исто така со глава погоди […]

Одбојка

Македонија загуби од Шпанија, трет пораз во Европската лига

Македонската женска одбојкарска репрезентација со убедливи 0-3 (11-25, 6-25 и 15-25) загуби од Шпанија во Аликанте во меч од Европската лига. Шпанија беше голем фаворит во овој меч и тоа го покажа на теренот, македонските одбојкарки денеска изгледаа немоќно. Најдобри бевме во третиот сет кога освоивме 15 поени, ужасно одигравме во вториот во кои имавме […]

Топ Тренд

Ѕвезда на Гана не доби канадска виза, го пропушта првиот меч на СП

Досега САД беше во центарот на вниманието со одбивање на учесници да влезат во земјата, во ова сега ѝ се приклучи и Канада. Ѕвездата на Гана, Томас Парти, нема да биде дел од првиот меч на неговата репрезентација бидејќи не доби виза од Канада. Тоа е мечот против Панама кој се игра на 17 јуни. […]

Ракомет

Ива Младеновска потпиша за Борусија Дортмунд

Македонската ракометна репрезентативка, Ива Младеновска стави потпис на договор со екипата на Борусија Дортмунд. Борусија Дортмунд денеска објави дека нашата Ива Младеновска го засилува нивниот тим. Македонската ракометарка во Дортмунд оди од Франција каде настапуваше за Безансон. „Со Ива Младеновска го засиливме нашиот тим со млада, амбициозна ракометарка која веќе има интернационално искуство. Среќени сме […]

Топ Тренд

Скапите билети го прават своето, полупразни трибини на мечот Чешка – Јужна Кореја

На вториот меч од Светското првенство во фудбал видовме многу испразните места, дуелот меѓу Јужна Кореја и Чешка не се продаде во максимален капацитет. Се чини дека високите цени на билетите почнуваат да имаат влијание. На стадионот „Акрон“ во Гвадалахара, публика имаше очајно малку за натпревар од Светско првенство. Дури и со голо око, можеа […]

Топ Тренд

Босна и Херцеговина вечерва го отвора Мундијалот во Торонто против Канада

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва од 21 часот го игра првиот натпревар на Светското првенство во Торонто против домаќинот Канада, предводена од капитенот Един Џеко. Се очекуваат до 30.000 навивачи на Босна на стадионот.

Фудбал

Горан Пандев ќе биде дел од ревијален меч меѓу легендите на Интер и Реал Мадрид

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев пак ќе истрча на „Сантијаго Бернабеу“ каде пред 16 години со Интер ја освои Лигата на шампионите. Пандев е меѓу повиканите за ревијалниот меч меѓу легендите на Интер и Реал Мадрид кој се игра во рамки на традиционалниот хуманитарен настан „Корасон Класик Меч“. Македонецот ќе биде дел од тимот на […]

Спорт

Денеска на Арена М: БиХ го почнува Мундијалот, Партизан брани „меч топка“, Македонија игра одбојка

Покрај редовната програма од Светското фудбалско првенство, денешниот ден на каналите на Арена Спорт Македонија ќе биде збогатен со преноси од кошарка и одбојка. Вечерва Босна и Херцеговина го почнува настапот на Светското првенство, а прв противник ќе им биде домаќинот Канада, мечот се игра во Торонто од 21 часот. Мундијалската програма на Арена Македонија […]

Топ Тренд

Хименез емотивно: Кога го дадов голот, погледнав кон трибините, но се сетив дека тој веќе не е меѓу нас (ВИДЕО)

Раул Хименез со гол во второто полувреме ја завери победата на Мексико над Јужна Африка од 2-0, откако го даде голот потекоа солзи од неговите очи. Солзите не беа само од емоции поради постигнатиот погодок, туку нешто многу подлабоко. „Кога топката влезе во голот, првото нешто што го направив беше да погледнам кон трибините. Од […]