Топ Тренд

Најпопуларни приказни во моментот, рачно одобрени од уредниците.

Фудбал

Шок во 94. минута, Катар ја расплака Швајцарија! (ВИДЕО)

Швајцарија беше голем фаворит против Катар, но не успеа да ги освои трите бода, Швајцарците примија гол пред последниот судиски свиреж. Мечот заврши 1-1. Швајцарците беа подобар противник, имаа доминација, но не ги искористи шансите и Катар освои бод. Резултатот рано беше отворен, во 17. минута Емболо даде гол од пенал за водство на Швајцарија […]

Одбојка

Македонските одбојкарки немоќни против Азербејџан

Негативната серија на женската А селекција на Македонијa во Европската лига продолжува и во четвртиот натпревар, кој попладнево со 0:3 (13:25, 15:25, 18:25) го загубија од Азербејџан, на турнирот во Аликанте. За разлика од вчерашниот дуел со Шпанија, денеска нашите одбојкарки понудија посилен отпор, особено до средината на вториот и третиот сет и се надигруваа […]

Одбојка

Македонија е посилна од Исланд, нова победа на одбојкарите

Машката одбјкарска репрезентација на Македонија го оствари вториот триумф во Европската лига откако попладнево убедливо го совлада Исланд во свој трет меч во натпреварувањето. Нашите одбојкари славеа со 3-0 (25-21, 25-23,25-19), но резултатот не го отсликува реално односот на теренот бидејќи сите три сета беа тешко освоени. Првите два беа решавани во финишот бидејќи Македонија […]

Фудбал

Херојот на Американците случајно добил право да игра за репрезентацијата

Напаѓачот на Монако, Фоларин Балоган, беше еден од најзаслужните за убедливата победа на САД над Парагвај со 4-1, постигнувајќи два гола и уште еднаш потврдувајќи ја својата важност за американската репрезентација. Но, малкумина знаат дека неговиот пат до дресот на САД започнал благодарение на необичен сплет на околности кој можел целосно да ја промени неговата […]

Формула 1

Расел стартува од пол-позицијата во Каталонија

Тимот на Мерцедес имаше одлични квалификации за Големата награда на Каталонија, до пол-позиција дојде Џорџ Расел кој имаше најдобро време пред Луис Хамилтон од Ферари. Расел ќе тргне од првата позиција, а до него ќе стартува Луис Хамилтон. Лидерот во генералниот пласман, Антонели имаше трето најдобро време. Следуваат Норис, Ферстапен, Хаџар, Пјастри, Лаустон, Хулкемберг и […]

Ракомет

Европа ќе добие нов ракометен шампион, Фуксе Берлин го победи Магдебург

Во германската пресметка од полуфиналето во Лигата на шампионите, Фуксе Берлин со 40-35 го победи Магдебург во првото полуфинале во „Ланксес арената“. Актуелниот шампион Магдебург денеска беше немоќен против момците од Берлин, па друг тим ќе биде шампион оваа сезона. Натпреварот беше неизвесен во најголемиот тек, но кога дојде при крајот, Фуксе Берлин заигра подобро, […]

Тенис

Македонија ја победи Црна Гора и се врати во Втората светска група

Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од Дејвис купот откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови […]

Спорт

Денеска на Арена М: Светско, Формула 1, одбојка, ракомет…

Се зголемува програмата на Светското фудбалско првенство, следуваат денови со повеќе мечеви, а се збогатува и програмата на Арена Спорт Македонија, од овој викенд почнуваме и со Формула 1. Мундијалската програма ќе ја почнеме со мечот меѓу Катар и Швајцарија кој почнува од 21 часот. На полноќ ќе истрчаат Бразилците против Мароко, а потоа има […]

Тенис

Македонија ја победи Грузија и ќе игра за промоција против Црна Гора

Македонските тенисери успеаја во дуелот од 3.коло од Третата Европска група да остварат победа над Грузија со 2:0 и на тој начин да го освојат второто место во групата и денеска во дуел со Црна Гора ќе се борат за промоција (враќање) во Втората Светска група од Дејвис купот. Лошото време и дождот направи многу […]

Фудбал

Американците почнаа моќно, убедлива победа над Парагвај (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави (САД) имаа старт од соништата на Светското првенство откако со 4-1 беа подобри од Парагвај во првиот меч. Се очекуваше многу порамноправен натпревар, но Парагвајците направија многу грешки и на крајот го платија данокот за тоа. Мечот беше отворен уште во седмата минута кога Бобадиља си постигна автогол за водство на САД […]