Објави од Ристе Ѓорѓиевски

Фудбал

Македонија ги дозна противниците за Светско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците за Светското првенство кое ќе се одржи во јануари 2027 година во Германија. Македонија ќе игра во групата Х против Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Магдебург. Во наредната фаза продолжуваат најдобрите три репрезентации. Светското првенство почнува на 13 јануари, завршува […]

Тенис

Ѓорческа поразена на стартот во Загреб

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ фјучрс турнирот во Загреб. Ѓорческа со 1-2 во сетови загуби од Екатерина Казинова од Русија која беше значително послабо рангирана од нашата Лина. Македонската тенисерка имаше фуриозен старт на мечот добивајќи го првиот сет со 6-1, но потоа работите се сменија. […]

Тенис

Македонските тенисери загубија од Молдавија на стартот на Дејвис купот

Тениската репрезентација на Македонија со пораз го стартуваше учеството на Дејвис куп турнирот во Кишињев кој се игра во рамките на Третата Европска група. Бевме поразени од домашната селекција на Молдавија со 1-2. Македонија добро го почна дуелот, поведовме со 1-0 благодарение на победа на Калин Ивановски над Иља Снитари, беше 4-6, 6-3 и 6-1 […]

Фудбал

ФФМ го казни Вардар поради пиротехника

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече казна на Вардар поради употреба на пиротехника на натпреварот од последното коло во ПМФЛ против Шкендија. Дисциплинската комисија на ФФМ му изрече казна од 17.000 евра на Вардар. „ФК Вардар се казнува со 17.000 евра поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33 коло со ФК Шкендија“, […]

Кошарка

Фатјон Реџа е прво засилување на Работнички за новата сезона

Кошаркарскиот клуб Работнички го потврди ангажманот на Фатјон Реџа кој доаѓа од Чаир. „КК Работнички АД Скопје ја известува јавноста и сите љубители на Работнички дека нов кошаркар, воедно и прво засилување за наредната сезона, е Фатјон Реџа.Фатјон доага од редовите на Чаир 2030 АД Скопје каде помина 4 сезони.Во минатата сезона на 25 одиграни […]

Фудбал

Распоред: Дербито меѓу Вардар и Шкендија уште во второто коло

Денеска излезе распоредот за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), дербито меѓу Вардар и Шкендија на програмата е во второто коло. Првата лига ќе почне на 25 јули. Од оваа сезона натпреварувањето брои 10 екипи и ќе се игра четирикружно. Првото дерби во новата сезона меѓу Вардар и Шкендија ќе се одигра во […]

Фудбал

Омерагиќ: Вардар помина добро, казната можеше да биде поголема

По синоќешната информација дека Вардар е казнет со 250.000 евра, денеска се огласи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. На денешниот брифинт со новинарите, Масар Омерагиќ зборуваше и за казната на Вардар од УЕФА поради лошо финансиско работење. „УЕФА нѐ конктактираше и истрагата траеше пет-шест месеци. Ова не е нешто врз […]

Топ Тренд

Громовите може да прават проблеми на Светското првенство

На престојното Светско првенство во фудбал може да се случат сцени кои европските навивачи ќе ги збунат, а тоа е поради строгите американски безбедносни прописи. Досега видовме дека Американците не се прилагодуваат на Светското првенство и своите закони ги почитуваат премногу ригорозно, нешто што им направи проблем на многумина учесници на Мундијалот и создаде срамна […]

Фудбал

Реал Мадрид плати 15 милиони евра за потписот на Мурињо!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го ангажира португалскиот тренер Жозе Мурињо, а за неговиот потпис мораше да ѝ плати 15 милиони евра на Бенфика. Иако „кралевите“ имаа опција да платат речиси три пати помалку пари, сепак претседателските избори го одложија ангажманот на Мурињо, а со тоа се зголеми и неговата цена. „Бенфика може да потврди дека […]

Ракомет

Македонија денеска ќе ги дознае противниците за Светското првенство

Денеска со почеток од 18 часот во Минхен ќе се одржи ждрепката за Светското ракометно првенство во Германија на кое учествува и нашата репрезентација. Македонија од вториот шешир ќе биде влечена во денешната ждрепка, а тоа значи дека нема да играме против Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови. Овие земји се исто […]