Фудбал

Македонија ги дозна противниците за Светско првенство

Македонија ги дозна противниците за Светско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците за Светското првенство кое ќе се одржи во јануари 2027 година во Германија.

Македонија ќе игра во групата Х против Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Магдебург.

Во наредната фаза продолжуваат најдобрите три репрезентации.

Светското првенство почнува на 13 јануари, завршува на 31 истиот месец. Покрај Магдебург, ќе се игра и во Штутгарт, Минхен и Келн.