Фудбал

На Австрија и Алжир им одговара пораз во последното коло на СП!

На Австрија и Алжир им одговара пораз во последното коло на СП!

Ревидираните правила на Светското првенство предизвикаа силни реакции уште пред завршувањето на групната фаза, особено поради тоа што ФИФА го стави меѓусебниот дуел како главен критериум пред гол-разликата.

Најспорна е ситуацијата во групата Ј, каде Австрија и Алжир директно ќе решаваат кој ќе биде втор, а кој трет.

Тимот што ќе заврши втор ќе мора да се соочи со еден од најсилните фаворити Шпанија, додека третопласираниот ќе игра против значително послаб противник, што му отвора полесен пат кон следната рунда.

Поради ваквата поставеност, се отвора простор за тактичко калкулирање наместо чиста борба за победа, што кај дел од јавноста буди сомнежи за можни неспортски сценарија. Аналитичарите предупредуваат дека ваквиот систем може да ја наруши фер играта и да ја намали драмата која традиционално ја носи последното коло од групната фаза.