Ракомет

Вардар од последниот шешир на ждрепката за групите во ЛШ

Вардар од последниот шешир на ждрепката за групите во ЛШ

Вардар ќе биде дел од четвртиот шешир на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди шеширите пред извлекувањето на групите.

Македонскиот шампион нема да може да се сретне со Целје, Криенс-Луцерн, Кристијанштад, Архус и Партизан, бидејќи сите овие екипи се наоѓаат во истиот шешир. Тоа значи и дека нема да има дуел со Партизан на Раул Гонзалез во групната фаза.

Шешир 1: Алборг, Барселона, Нант, Магдебург, Веспрем, Спортинг Лисабон.

Шешир 2: Монпелје, ПСЖ, Фуксе Берлин, Мелсунген, Пик Сегед, Кјелце.

Шешир 3: Загреб, ГОГ, Колштад, Висла Плоцк, Порто, Динамо Букурешт.

Шешир 4: Вардар, Архус, Целје, Партизан, Криенс-Луцерн, Кристијанштад.

Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи в петок со почеток од 11:00 часот.