Ракомет

Дејан Манасков е автор на најубавиот гол во сезоната во ракометната ЛШ! (ВИДЕО)

Дејан Манасков е автор на најубавиот гол во сезоната во ракометната ЛШ! (ВИДЕО)

Голот на Дејан Манасков против Барселона е прогласен за најубав во сезоната 2025/26 од Лигата на шампионите, објави Европската ракометна федерација.

ЕХФ преку своите социјални мрежи ги претстави најатрактивните моменти од елитното натпреварување, а на првото место се најде погодокот на искусниот македонски репрезентативец во дресот на Еурофарм Пелистер.

Незаборавниот момент се случи во натпреварот од групната фаза против Барселона во Битола. Во финишот Никола Митревски испрати долга топка преку целиот терен, Манасков одлично се снајде, ја прифати во скок и со истекот на времето ја затресе мрежата на шпанскиот шампион.

Спектакуларната акција донесе овации од трибините, а сега доби и официјално признание од ЕХФ како најубав погодок во целата сезона на Лигата на шампионите.