Фудбал

Холандија рутински против Тунис, реми на Јапонија и Шведска (ВИДЕО)

Холандија рутински против Тунис, реми на Јапонија и Шведска (ВИДЕО)

Холандија со 3-1 го победи Тунис и го испрати дома, Јапонија и Шведска одиграа 1-1 во последното коло од групната фаза на Светското првенство.

Холанѓаните ја остварија втората победа на Мундијалот, рутински ја совладаа селекцијата на Тунис која ги загуби сите мечеви на овој турнир.

Не поминаа ни осум минути, а Холандија веќе водеше со 2-0. Во третата минута Шири си постигна автогол, а четири минути подоцна Броби го зголеми водството за лалињата.

Немаше нов гол до 54. минута кога Мастури погоди и намали на 2-1, но брзо потоа, во 62. минута Ван Хеке ги постави конечните 3-1.

Јапонија вторпат во својата историја без пораз се пласира во нокаут фазата, првиот пат беше кога беа домаќини на турнирот.

Денеска одиграа 1-1 против Шведска. Поведоа со гол на Маеда во 56. минута, Швеѓаните израмнија преку Еланга шест минути подоцна.

Првото место во групата го освои Холандија со седум бодови, Јапонија е втора со пет, а Шведска има четири и како една од најдобрите третопласирани ќе оди понатаму. Тунис е последен без бодови.