Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) денеска ги одреди термините за Светското првенство во машка конкуренција кое во јануари ќе се одржи во Германија.
Македонија е во групата Х заедно со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите ги играме во Магдебург, во „ГЕТЕК Арена“.
Македонските ракометари првиот меч ќе го одиграат на 15 јануари против Јапонија од 18 часот.
Два дена подоцна е дуелот со Бахреин кој ќе се игра исто така од 18 часот.
Последниот меч од оваа фаза го играме против Исланд на 19. јануари, тој дуел е со термин од 20:30 часот.
Првите три селекции од групата одат во главната рунда.