Петковски се пресели во чешкиот шампион
Македонскиот ракометен голман, Андреј Петковски, кариерата ќе ја продолжи во чешкиот шампион Талент Плзен со кого и официјално потпиша договор. По успешната сезона во полскиот Пулави, македонскиот голман го привлече вниманието на посериозни клубови и се избори за трансфер. Талент Плзен го потврди ангажманот на Андреј Петковски и клубот најави високи амбиции за следната сезона. […]