Прескокни до содржината

Најнови вести

Сите спортски приказни во моментот, од сите наши извори.

8. јуни 2026
Фудбал

Мурињо го враќа Пепе во Реал Мадрид

Информациите од шпанските медиуми велат дека легендарниот дефанзивец, Пепе, повторно ќе биде дел од Реал Мадрид, овојпат ќе ја има улогата на помошник на Жозе Мурињо. Пепе е почитуван од фановите на Реал Мадрид, но е еден од најомразените личности кај противничките тимови поради неговиот цврст стил на игра. По победата на Флорентино Перез, денеска […]

8. јуни 2026
Фудбал

Пејсмејкерот го спаси: Ериксен е жив, но дали е време за пензија?

Кристијан Ериксен по втор пат колабираше на фудбалски терен, но благодарение на пејсмејкерот и брзата реакција, неговиот живот е повторно спасен. Сепак, овој инцидент отвора прашање за неговата понатамошна кариера.

8. јуни 2026
Фудбал

Принудна промена во Бразил, Анчелоти повика нов фудбалер

На неколку дена пред почетокот на Светското првенство, во селекцијата на Бразил се случи принудна промена поради повреда. Од составот отпадна десниот бек Весли поради повреда на бутниот мускул, а на негово место дополнителен повик дојде играчот од средниот ред, Едерсон. „Весли е фудбалер кого сите во репрезентацијата исклучително го ценат и тој секогаш ќе […]

8. јуни 2026
Фудбал

Робин ван Перси доби отказ од Феенорд и покрај пласманот во Лигата на шампионите

Легендарниот холандски напаѓач Робин ван Перси е разрешен од функцијата тренер на Феенорд, иако го одведе клубот до второто место во Ередивизие и пласман во Лигата на шампионите.

8. јуни 2026
Фудбал

Швајцарија во неочекуван проблем пред Светското првенство: Отровни змии го загрозуваат кампот

Противникот на Босна и Херцеговина на Светското првенство, репрезентацијата на Швајцарија, се соочува со сериозен проблем откако во близина на нивниот тренинг камп во Сан Диего се појавија отровни змии, што може да доведе до промена на локацијата.

8. јуни 2026
Фудбал

Перез ги доби претседателските избори, Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид

Флорентино Перез ги доби претседателските избори, а на прес-конференцијата потоа потврди дека Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на кралскиот клуб. Перез потврди дека Мурињо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, во текот на денешниот ден ќе има и официјална објава од клубот, а презентацијата ќе се случи во среда. „Еден од најдобрите тренери […]

8. јуни 2026
Одбојка

Македонија подобра од Луксембург во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со 3-1 (23:25, 25:21, 25:20, 25:13) славеше над Луксембург во вториот натпревар од овогодинешното издание на Европската лига. На турнирот кој се играше во салата „Парк“ во Струмица, Македонија забележа победа против Луксембург, таа доаѓа по поразот од Холандија во првото коло. Избраниците на Јошко Миленкоски се мачеа да го скршат […]

7. јуни 2026
Фудбал

Ужас во Данска, Ериксен повторно колабира среде меч (ВИДЕО)

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен повторно колабираше среде натпревар, овојпат тоа се случи на пријателскиот меч меѓу Данска и Украина. Ериксен пред пет години ја исплаши фудбалската јавност кога на меч од Европското првенство доживеа срцев удар. Се опорави од тоа и продолжи да игра. Но, денеска повторно му се случи истото, во 65. минута од […]

7. јуни 2026
Тенис

Конечно, Зверев го освои својот прв грен слем турнир – победи на Ролан Гарос

Александер Зверев со 3-2 (6-1, 4-6, 6-4, 7-6, 6-1) го победи Флавио Коболи и за првпат во својата кариера освои грен слем турнир. За Зверев ова беше четврто грен слем финале, Германецот долго време чекаше на ваква титула, а овојпат патот за такво нешто му беше отворен со отсуството на Алкараз и елиминациите на Синер […]

7. јуни 2026
Формула 1

Антонели победи на хаотичната трка во Монако – петти триумф во низа (ВИДЕО)

Во драматична и хаотична трка во Монако која траеше речиси два ипол часа, лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели стигна до уште една победа која за него беше петта во низа со што стана првиот тинејџер на кој му успеало такво нешто. Tрката беше исполнета со казни, со по пет секунди беа санкционирани: Луис Хамилтон, […]

7. јуни 2026
Фудбал

Јани Атанасов е пред преселба во Казахстан

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов, кариерата би можел да ја продолжи во Казахстан. Медиумите од оваа земја објавија дека фудбалерот на Македонија е пред потпис со Актобе. Според најавите, 26-годишниот играч за врска треба да се пресели во тамошниот шампионат. Со Актобе се очекува потпише договор на две и пол години. Атанасов минатата сезона го […]

7. јуни 2026
Мото ГП

Победа број 100 за Маркез и голем инцидент на Мото ГП трката во Унгарија (ВИДЕО)

Марк Маркез дојде до јубилејната 100. победа и стана само третиот на кој му успеало тоа, трката во Унгарија ја одбележа и голем инцидент кој се случи на почетокот. По двата триумфа во спринт-трките и победите на главните трки на патеката Балатон Парк, Шпанецот стигна до четири победи во еден викенд. На тој начин Маркез […]

7. јуни 2026
Фудбал

Jувентус го најде наследникот на Влаховиќ

Душан Влаховиќ заминува од Јувентус, а италијанскиот клуб веќе ја пронајде неговата замена, тоа е Александер Сорлот од Атлетико Мадрид. Наводно, веќе е постигнат договор за личните услови меѓу Сорлот и Јувентус, останува уште двата клуба да се договорат. Медиумите од Италија пренесуваат дека директорите на „старата дама“ разговарале со агентите на Норвежанецот и си […]

7. јуни 2026
Фудбал

Најдобрата одбрана на Димитриевски за Валенсија!(ВИДЕО)

Валенсија ја избра најдобрата одбрана на сезоната на нашиот голман Столе Димитриевски. Во изминатиот период бранеше во фантастична форма на голот на Валенсија. Шпанскиот клуб деновиве ги вадеше најдобрите одбрани на Македонецот, денеска ја објави одбраната број 1. Тоа е чудесната рефлексна интервенција на Димитриевски против Виљареал.

7. јуни 2026
Топ Тренд

Зошто фудбалските преноси од Америка изгледаат толку чудно на телевизија?

Ако сте гледале фудбалски натпревари од САД и во некој момент сте помислиле дека преносот изгледа поинаку од она на што сте навикнати во Европа, не сте си замислувале. Сликата навистина често остава поинаков впечаток, а причината не е само субјективно чувство на гледачите. Како што пренесува специјализираната страница „Офензива“, начинот на кој натпреварите од […]

7. јуни 2026

Херојот на Ирак, седум часа бил испрашуван од Американците!

Соединетите Американски Држави (САД) не отстапуваат од своите строги мерки за влез во нивната земја и покрај тоа што настан каков што е Светското фудбалско првенство само по себе треба да биде гаранција за учесниците на истото. Последен кој го почувствува строгиот режим на Американците е напаѓачот на Ирак, Ајмен Хусеин. Тој бил задржан дури […]

7. јуни 2026
Фудбал

Ден за избори во Реал Мадрид: Перез и Рикелме во трка за претседателското столче (ВИДЕО)

Почнаа претседателските избори во Реал Мадрид, денеска членовите избираат меѓу Флорентино Перез и Енрике Рикелме, од исходот ќе зависи каков правец ќе фати клубот. Перез иако имаше уште од претседателскиот мандат, распиша предвремени избори, а Рикелме ја фрли ракавицата и се пријави да биде противкандидат. Во изминатите денови двајцата водеа претседателски кампањи и со разни […]

7. јуни 2026
Други спортови

Триумф на Дарио Ивановски на јубилејното 10-то издание на „Охрид трчаТ“

Македонскиот атлетичар и член на АК „Скопски маратон“, Дарио Ивановски, победи на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од […]