Прескокни до содржината

Најнови вести

Сите спортски приказни во моментот, од сите наши извори.

1. јуни 2026
Фудбал

Панчев: Бари 1991 со домашни играчи е минато, денес без пари нема трофеи!

Легендарниот Дарко Панчев се присети на историскиот триумф на Црвена Звезда во Бари 1991 година, нагласувајќи ја разликата во фудбалот тогаш и сега, особено во однос на финансиските вложувања.

1. јуни 2026
Фудбал

Ирските навивачи го прекинаа мечот со Катар во знак на поддршка за Палестина

Пријателскиот натпревар меѓу Ирска и Катар беше двапати прекинат од домашните навивачи кои фрлаа тениски топчиња со палестински знамиња, протестирајќи против претстојните натпревари со Израел.

1. јуни 2026
Фудбал

„Распад“ на Пелистер по испаѓањето, сите си поднесоа оставки

По две сезони во елитата, екипата на Пелистер повторно се враќа во Втората македонска фудбалска лига откако вчера загуби од Шкендија Арачиново во баражот за опстанок. Исходот од дуелот што се играше во Кавадарци ја разочара цела Битола, навивачите се бесни, а очигледно целата управа и стручниот штаб ќе ја преземе одговорноста за она што […]

1. јуни 2026
Фудбал

Бразилците не се шегуваат и на пријателски, „шестка“ во мрежата на Панама (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил со убедливи 6-2 ја победи Панама во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство. Дебаклот на Панама го најави Винисиус со гол уште во првата минута од натпреварот. Сепак во 14. минута Куња ја затресе сопствената мрежа и го изедначи резултатот на 1-1. До крајот на првото полувреме беше постигнат уште […]

31. мај 2026
Ракомет

Охрид слави европски трофеј, нов голем успех за македонскиот ракомет

Ракометарите на Охрид со 31-25 ја победија Татабања во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп и направија историски успех за клубот и огромен за македонскиот ракомет. Охрид го слави првиот европски трофеј, Македонија има уште еден клуб кој победи во континентално натпреварување. Во фантастична атмосфера во салата „Билјанини извори“, Охриѓани ја надиграа Татабања и […]

31. мај 2026
Мото ГП

Бецеки за првпат победи на Муџело и ја зголеми предноста на врвот

Maрко Бецеки ја зацврсти лидерската позиција во генералниот пласман откако победи на денешната трка во Муџело за Големата награда на Италија. За Италијанецот ова беше прва победа во кариерата на оваа патека, но воедно и прва победа на тимот на Априлија тука. Од друга страна Бецеки дојде до четвртиот триумф сезонава, а го оствари со […]

31. мај 2026
Фудбал

Алиоски: Сакам успеси со Македонија и во иднина

На денешната прес-конференција по повод утрешниот натпревар против Турција се обрати и Езгјан Алиоски кој рече дека му е чест што ја носи „десетката“, но им недостасува капитенот Барди кој вообичаено ја има таа бројка. Алиоски се враќа на местото каде што настапуваше, во Турција, во Истанбул, овојпат ќе игра против Турците во дресот на […]

31. мај 2026
Фудбал

Седлоски: Ќе одиграме колку што ќе ни дозволи Турција!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денеска одржа прес-конференција во повод утрешниот пријателски натпревар против Турција кој се игра од 18:30 часот во Истанбул. Седлоски е задоволен од одиграното на неговите фудбалери против БиХ, а сега Турција е нов предизвик и мора да се докажуваме од почеток. „Играме против силна репрезентација како Турција. Ние […]

31. мај 2026
Фудбал

Пелистер и Брера одат во Втора лига, Скопје и Шкендија (А) се прволигаши

Скопје по три години се враќа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) откако со 1-0 ја совлада Брера во баражот, историја испиша Шкендија Арачиново која на пенали го совлада Пелистер и стана прволигаш. Скопје и Брера баражот го играа во Битола. А херој за скопскиот тим беше Трајчевски кој најдобро се снајде во една мешаница […]

31. мај 2026
Тенис

Сензација: Испадна четирикратна шампионка на Ролан Гарос

По елиминациите на Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, се случи уште едно големо изненадување на Ролан Гарос, овојпат во женскиот тенис, елиминирана е Ига Швјонтек. Полската тенисерка на Ролан Гарос дојде како трета најдобра во светот и беше трета носителка на турнирот, но денеска доживеа елимиација. Украинската тенисерка, Марта Костјук ја победи Швјонтек со 2-0 […]

31. мај 2026
Фудбал

Монтела: Ја одбравме Македонија бидејќи игра како Австралија!

Утре со почеток од 19 часот Турција и Македонија ќе одиграат пријателски натпревар во Истанбул, за Турците ова ќе биде една од главните подготовки пред Светското првенство. Селекторот на Турција, Винченцо Монтела денеска имаше прес-конференција на која меѓудругото откри и зошто Турците ја избрале баш Македонија за противник. „Светското првенство е огромен турнир. Земјите добиваат […]

31. мај 2026
Фудбал

Хаос во Париз по победата на ПСЖ – над 400 уапсени! (ВИДЕО)

Една од најсигурните работи синоќа беше дека ќе има вистински хаос низ улиците на Париз, без разлика дали ПСЖ ќе го добиеше финалето во Лигата на шампионите или ќе загубеше од Арсенал, токму тоа и се случи, уапсени, повредени навивачи, повредени полицајци… Речиси без исклучок, кога ПСЖ слави титула или кога ќе загуби голем меч, […]

31. мај 2026
Кошарка

НБА ќе добие нов шампион, Сан Антонио ја урна Оклахома (ВИДЕО)

Сан Антонио и Њујорк ќе играат во големото НБА финале откако Спарс ноќеска со 111-103 славеа на гостувањето кај актуелниот шампион Оклахома и со 4-3 ја добија финалната серија на Западот. Првпат по 12 години Сан Антонио ќе игра во НБА финале. Главен лик во вчерашната победа, но и во финалната серија на Западот, беше […]

31. мај 2026
Фудбал

Луис Енрике: Заслуживме да го кренем трофејот!

Луис Енрике втора сезона по ред му ја носи титулата во Лигата на шампионите на ПСЖ, шпанскиот стратег е најдобриот во историјата на францускиот клуб. Во финалето не беше лесно, ПСЖ речиси и да не создаде голема шанса за гол, но благодарение на пенал кој го направи Москера, а го реализираше Дембеле, се спасија од […]

31. мај 2026
Фудбал

Артета: Освоивме голем трофеј, но не го освоивме најголемиот…

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека чувствува болка по поразот од ПСЖ во финалето, но е горд на своите фудбалери и стручниот штаб за покажаното оваа сезона. Малку фалеше Арсенал да ја освои и Лигата на шампионите, но топчиите загубија на пенали од ПСЖ. „Честитки за ПСЖ и за Луис Енрике. Тие се најдобриот […]

30. мај 2026
Фудбал

ПСЖ преку пенали до одбрана на трофејот во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако по подобро изведување на пенали го победи Арсенал, мечот во регуларниот тек беше 1-1. Втора година по ред ПСЖ победува во Лигата на шампионите, овојпат падна Арсенал во една изедначена битка. Топчиите имаа фантастичен старт на натпреварот, со прекрасен гол на Хаверц уште во шестата минута […]

30. мај 2026
Тенис

Сабаленка со два различни сета, мина уште една пречка на Ролан Гарос!

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос откако во два сета за час и 17 минути ја мина Дариа Касаткина. Белоруската тенисерка имаше фуриозен старт на мечот и првиот сет го доби со максимални 6-0. Но, во вториот беше поинаку, Касаткина пружи поголем отпор иако не можеше да израмни. […]

30. мај 2026
Ракомет

Охриѓани се подготвени за историја – на Македонија да ѝ донесат уште една европска титула

Утре со почеток од 20 часот, во салата „Билјанини извори“, ракометниот клуб Охрид го игра реванш финалниот натпревар против Татабања во рамките од Европскиот куп на ЕХФ. Охриѓани го добија првиот меч со 29-28, да имаше фер судење, победата ќе беше уште поубедлива. Вака уште е неизвесен победникот, но Охрид сега ја има фаворитската улога. […]