Прескокни до содржината

Најнови вести

Сите спортски приказни во моментот, од сите наши извори.

4. јуни 2026
Фудбал

Валенсија потврди: Димитриевски останува на Местаља уште две години!

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и во наредните две сезони ќе брани за Валенсија, шпанскиот клуб денеска и официјално го објави тоа. Минатите денови излегоа гласини дека Валенсија ќе ја активира клаузулата за продолжување на договорот на Димитриевски, тоа и се случи. „Валенсија го активираше продолжувањето на Столе Димитриевски за уште две сезони, македонскиот голман […]

4. јуни 2026
Фудбал

Објавата за Халанд го вознемири Манчестер Сити, се подготвува тужба

Кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, во телевизиска емисија објави дека го договорил Ерлинг Халанд за ново засилување, а тоа му направи проблеми. Најпрво се јави таткото на Халанд кој го демантираше Рикелме, а сега стигна остра реакција од Манчестер Сити. „Приказните кои се појавија од Шпанија во врска со иднината на Халанд […]

4. јуни 2026
Фудбал

Странски селектор никогаш не освоил Мундијал – сега ги има 27!

И покрај бројните рекорди кои се очекуваат да паднат на претстојното Светско првенство, еден податок останува непоколеблив: ниту еден странски селектор досега не ја освоил титулата на Мундијалот. Оваа година, дури 27 репрезентации ќе бидат предводени од странски стручњаци.

4. јуни 2026
Ракомет

Петковски се пресели во чешкиот шампион

Македонскиот ракометен голман, Андреј Петковски, кариерата ќе ја продолжи во чешкиот шампион Талент Плзен со кого и официјално потпиша договор. По успешната сезона во полскиот Пулави, македонскиот голман го привлече вниманието на посериозни клубови и се избори за трансфер. Талент Плзен го потврди ангажманот на Андреј Петковски и клубот најави високи амбиции за следната сезона. […]

4. јуни 2026
Фудбал

Трансфер бомбата на Енрике Рикелме е Ерлинг Халанд, но…

Енрике Рикелме вети дека ќе го донесе Ерлинг Халанд во Реал Мадрид доколку победи на претседателските избори, потпиша и документ како гаранција, но веднаш пристигна демант од таборот на Норвежанецот. Енрике Рикелме вчера попладнето вети трансфер бомба доколку седне во претседателската фотеља, а доцна вечерта го откри и името на ѕвезденото засилување – Ерлинг Халанд […]

4. јуни 2026
Фудбал

Шок за германскиот фудбал: Минхен 1860 исфрлен во четврта лига поради финансиски проблеми

Еден од најславните германски клубови, Минхен 1860, нема да добие лиценца за настап во Третата лига следната сезона и ќе се натпреварува во четвртиот ранг поради неисполнети финансиски обврски.

4. јуни 2026
Фудбал

„Змејовите“ го одржаа првиот тренинг во САД пред Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го одржа првиот тренинг на американско тло, подготвувајќи се за пријателски натпревар против Панама и претстојното Светско првенство.

3. јуни 2026
Кошарка

ИН МЕМОРИЈАМ: Почина Един Авдиќ

Еден од најпознатите кошаркарски и спортски новинари на Балканот, Един Авдиќ, почина на 47-годишна возраст во Белград. Един Авдиќ беше спортски коментатор, аналитичар и еден од најпознатите кошаркарски експерти во Србија, Босна и Херцеговина и регионот. Роден е во Сараево во 1979 година и стекна широка популарност како коментатор на кошаркарски натпревари во НБА, Евролигата […]

3. јуни 2026
Тенис

Сабаленка по тешкиот пораз: Сакам да се повлечам од тенисот

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, беше многу разочарана по шокантниот пораз од Дијана Шнајдер на Ролан Гарос. Сабаленка водеше со 1-0 и имаше 5-3 во вториот сет, сервираше за меч, го загуби гемот, па загуби десет гема по ред и беше поразена. „Немам мисли, немам емоции. Во моментов сакам да се повлечам од тенисот. […]

3. јуни 2026
Ракомет

Абутовиќ: Те сакам Македонијо, секогаш ќе бидеш во – моето срце!

Српскиот ракометар, Илија Абутовиќ му се заблагодари на Пелистер и им честиташе титули на Вардар и Пелистер, изрази и посебна љубов кон Македонија. Абутовиќ остави голема трага во Вардар со кој стана и Европски шампион, но подоцна играше и за Пелистер од кој сега заминува. На социјалните мрежи Абутовиќ емотивно се збогуваше. „Благодарам Пелистер и […]

3. јуни 2026
Тенис

Шок на Ролан Гарос: Сабаленка е елиминирана – загуби десет гема по ред!

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка не стигна ни до полуфиналето од Ролан Гарос откако денеска загуби од Русинката Дијана Шнајдер со 1-2 во сетови. Сабаленка одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0. Драмата почна од вториот сет, Сабаленка имаше водство од 5-3 и сервираше за меч, го […]

3. јуни 2026
Фудбал

УЕФА промени правило по дебаклот на Италија во БиХ!

УЕФА одлучи да го промени правилото за предност на домашен терен во баражите за големите натпреварувања. Досега домаќините на финалињата од бараж дуелите беа одредувани со ждрепка, но со новото правило тоа нема да биде случај. УЕФА сака да се избегне репрезентации од првото ниво како Италија, Данска и Турција да играат финале на гостински […]

3. јуни 2026
Ракомет

Луѓе со купени билети не влегле на финалето – Охрид ќе им ги враќа парите!

На виделина излегува ужасна организација на финалето од ЕХФ Европскиот куп во ракомет, меѓу ГРК Охрид и Татабања, голем број на навивачи и покрај тоа што имале купено биле, не успеале да влезат во салата и да го гледаат натпреварот. Наместо лица кои уредно имале влезница за натпреварот, влегувале луѓе без билет. Клубот денеска излезе […]

3. јуни 2026
Фудбал

ФФМ го казни Вардар за скандалозната прослава на фудбалерите

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече казна на ФК Вардар за недоличната прослава на фудбалерите. По заверката на шампионската титула во Струга, излезе видео снимка од недолична прослава на вардарци за која денеска добија казна од ФФМ. Дополнително црвено-црните се казнети и за пиротехника на мечот против Шкендија од последното коло. […]

3. јуни 2026
Фудбал

Шкендија исфрлена од Купот на Македонија за идната сезона и ќе треба да плати 105.000 евра!

Дисциплинската комисија при ФФМ ги изрече казните за финалето од Купот на Македонија, Шкендија скапо ќе плати за сите инциденти кои се случија. Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост: „Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички […]

3. јуни 2026
Ракомет

Иваноски потпиша за еден од најголемите словенечки клубови

Македонскиот ракометар, Михаил Иваноски, во наредната сезона ќе го носи дресот на словенечкиот ракометен клуб, Горење Велење. Михаил Иваноски замина од Ајдовшчина со која ја освои Втората лига во Словенија и се пресели во тимот на Горење Велење. „Во РК Горење Велење, со задоволство го поздравуваме новото засилување на позицијата десно крило, на нашиот клуб […]

3. јуни 2026
Фудбал

Секуловски: Има механизам за Пелистер да остане во Прва лига!

На денешната прес-конференција, тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, изрази надеж дека ќе биде донесена одлука да не се намали Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и на тој начин тие да не се преселат во ранг подолу. Пелистер заврши една катастрофална сезона во која испадна од Првата лига, но надежта кај битолчани уште не е згасната. […]