Топ Тренд

Најпопуларни приказни во моментот, рачно одобрени од уредниците.

Фудбал

Објавата за Халанд го вознемири Манчестер Сити, се подготвува тужба

Кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, во телевизиска емисија објави дека го договорил Ерлинг Халанд за ново засилување, а тоа му направи проблеми. Најпрво се јави таткото на Халанд кој го демантираше Рикелме, а сега стигна остра реакција од Манчестер Сити. „Приказните кои се појавија од Шпанија во врска со иднината на Халанд […]

Фудбал

Странски селектор никогаш не освоил Мундијал – сега ги има 27!

И покрај бројните рекорди кои се очекуваат да паднат на претстојното Светско првенство, еден податок останува непоколеблив: ниту еден странски селектор досега не ја освоил титулата на Мундијалот. Оваа година, дури 27 репрезентации ќе бидат предводени од странски стручњаци.

Ракомет

Петковски се пресели во чешкиот шампион

Македонскиот ракометен голман, Андреј Петковски, кариерата ќе ја продолжи во чешкиот шампион Талент Плзен со кого и официјално потпиша договор. По успешната сезона во полскиот Пулави, македонскиот голман го привлече вниманието на посериозни клубови и се избори за трансфер. Талент Плзен го потврди ангажманот на Андреј Петковски и клубот најави високи амбиции за следната сезона. […]

Фудбал

Трансфер бомбата на Енрике Рикелме е Ерлинг Халанд, но…

Енрике Рикелме вети дека ќе го донесе Ерлинг Халанд во Реал Мадрид доколку победи на претседателските избори, потпиша и документ како гаранција, но веднаш пристигна демант од таборот на Норвежанецот. Енрике Рикелме вчера попладнето вети трансфер бомба доколку седне во претседателската фотеља, а доцна вечерта го откри и името на ѕвезденото засилување – Ерлинг Халанд […]

Кошарка

ИН МЕМОРИЈАМ: Почина Един Авдиќ

Еден од најпознатите кошаркарски и спортски новинари на Балканот, Един Авдиќ, почина на 47-годишна возраст во Белград. Един Авдиќ беше спортски коментатор, аналитичар и еден од најпознатите кошаркарски експерти во Србија, Босна и Херцеговина и регионот. Роден е во Сараево во 1979 година и стекна широка популарност како коментатор на кошаркарски натпревари во НБА, Евролигата […]

Тенис

Сабаленка по тешкиот пораз: Сакам да се повлечам од тенисот

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, беше многу разочарана по шокантниот пораз од Дијана Шнајдер на Ролан Гарос. Сабаленка водеше со 1-0 и имаше 5-3 во вториот сет, сервираше за меч, го загуби гемот, па загуби десет гема по ред и беше поразена. „Немам мисли, немам емоции. Во моментов сакам да се повлечам од тенисот. […]

Ракомет

Абутовиќ: Те сакам Македонијо, секогаш ќе бидеш во – моето срце!

Српскиот ракометар, Илија Абутовиќ му се заблагодари на Пелистер и им честиташе титули на Вардар и Пелистер, изрази и посебна љубов кон Македонија. Абутовиќ остави голема трага во Вардар со кој стана и Европски шампион, но подоцна играше и за Пелистер од кој сега заминува. На социјалните мрежи Абутовиќ емотивно се збогуваше. „Благодарам Пелистер и […]

Тенис

Шок на Ролан Гарос: Сабаленка е елиминирана – загуби десет гема по ред!

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка не стигна ни до полуфиналето од Ролан Гарос откако денеска загуби од Русинката Дијана Шнајдер со 1-2 во сетови. Сабаленка одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0. Драмата почна од вториот сет, Сабаленка имаше водство од 5-3 и сервираше за меч, го […]