Објави од Ристе Ѓорѓиевски

Фудбал

Вардар го продолжи договорот со главниот спонзор, милион евра и за новата сезона

Вардар и „Новоматик“ денеска ја продолжија соработката и за наредната сезона, веќе трета сезона по ред клубот добива поддршка од милион евра од оваа компанија. Двете страни постигнаа договор за продолжување под истите услови и „црвено-црните“ кои ќе ја бранат титулата и во наредната сезона ќе имаат поддршка од еден милион евра. Продолжувањето на договорот […]

Тенис

Александар Зверев: Тајната борба со дијабетесот го направи шампион и инспирација

Тениската ѕвезда Александар Зверев со години ја криел својата битка со дијабетес тип 1, соочувајќи се со исмејување и предрасуди. Денес, тој е шампион и инспирација за милиони, отворено говорејќи за својата состојба.

Фудбал

Гави ќе ѝ направеше проблем на Шпанија, ќе го повредеше Родри пред СП (ВИДЕО)

За време на тренинг на шпанската фудбалска репрезентација, Гави направи невнимателен старт врз Родри и малку фалеше да го повреди. Гави стартуваше со отворен ѓон врз стапалото на Родри, фудбалерот на Манчестер Сити легна во болка, но за среќа не се работи за ништо сериозно. Rodri was caught by Gavi in Spain training! 😬 🎥 […]

Тенис

Полската сензација Хвалинска скокна дури 93 места на ВТА листата

Маја Хвалинска од Полска, имаше сензационален настап на Ролан Гарос, од квалификациите стигна до финалето на грен слем турнирот, а тоа и донесе и небесен скок на ВТА листата. Хвалинска турнирот го почна на 114 место на ВТА ранг листата, а денеска е 21. тенисерка во светот. Тоа е напредок од дури 93 позиции. Победничката […]

Фудбал

Мурињо го враќа Пепе во Реал Мадрид

Информациите од шпанските медиуми велат дека легендарниот дефанзивец, Пепе, повторно ќе биде дел од Реал Мадрид, овојпат ќе ја има улогата на помошник на Жозе Мурињо. Пепе е почитуван од фановите на Реал Мадрид, но е еден од најомразените личности кај противничките тимови поради неговиот цврст стил на игра. По победата на Флорентино Перез, денеска […]

Фудбал

Пејсмејкерот го спаси: Ериксен е жив, но дали е време за пензија?

Кристијан Ериксен по втор пат колабираше на фудбалски терен, но благодарение на пејсмејкерот и брзата реакција, неговиот живот е повторно спасен. Сепак, овој инцидент отвора прашање за неговата понатамошна кариера.

Фудбал

Принудна промена во Бразил, Анчелоти повика нов фудбалер

На неколку дена пред почетокот на Светското првенство, во селекцијата на Бразил се случи принудна промена поради повреда. Од составот отпадна десниот бек Весли поради повреда на бутниот мускул, а на негово место дополнителен повик дојде играчот од средниот ред, Едерсон. „Весли е фудбалер кого сите во репрезентацијата исклучително го ценат и тој секогаш ќе […]

Фудбал

Робин ван Перси доби отказ од Феенорд и покрај пласманот во Лигата на шампионите

Легендарниот холандски напаѓач Робин ван Перси е разрешен од функцијата тренер на Феенорд, иако го одведе клубот до второто место во Ередивизие и пласман во Лигата на шампионите.

Фудбал

Швајцарија во неочекуван проблем пред Светското првенство: Отровни змии го загрозуваат кампот

Противникот на Босна и Херцеговина на Светското првенство, репрезентацијата на Швајцарија, се соочува со сериозен проблем откако во близина на нивниот тренинг камп во Сан Диего се појавија отровни змии, што може да доведе до промена на локацијата.

Фудбал

Перез ги доби претседателските избори, Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид

Флорентино Перез ги доби претседателските избори, а на прес-конференцијата потоа потврди дека Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на кралскиот клуб. Перез потврди дека Мурињо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, во текот на денешниот ден ќе има и официјална објава од клубот, а презентацијата ќе се случи во среда. „Еден од најдобрите тренери […]