Прескокни до содржината

Најнови вести

Сите спортски приказни во моментот, од сите наши извори.

пред 6 часа
Фудбал

Англија со четири гола до победа над Хрватска во дербито на првото коло на СП (ВИДЕО)

Англија со победа го отвори настапот на Светското првенство, откако во дербито на групата Л ја совлада Хрватска со 4-2. Избраниците на Томас Тухел поведоа преку Хари Кејн, кој реализираше од пенал во 12. минута. Кејн не го искористи првиот удар, Ливаковиќ му го фати шутот, ама пеналот беше успешно повторен. Хрватите возвратија со ефектен […]

пред 9 часа
Фудбал

Љупчо Дориев доби долг договор во Согдиана

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев ќе остане во Узбекистан уште долго време. Крилниот фудбалер потпиша нов договор со Согдиана до 2030 година. Дориев е еден од клучните фудбалери на тимот од Џизак од неговото доаѓање во 2023 година. Македонецот зад себе има одличен учинок во дресот на Согдиана со 38 голови и 21 асистенција на 74 […]

пред 9 часа
Фудбал

Конго изненади, ремизираше со Португалија на стартот на Мундијалот (ВИДЕО)

Португалија неочекувано ремизира на стартот од Светското првенство, откако одигра само 1-1 (1-1) против Конго во натпреварот од првото коло во групата К. Португалците одлично го отворија натпреварот во Хјустон и поведоа уште во шестата минута. Педро Нето нафрли од десната страна, а Жоао Невес со удар со глава го совлада противничкиот голман за 1-0. […]

пред 10 часа
Фудбал

Трагедија во Франција: Почина тренерот на Брест!

Францускиот фудбал остана без едно добро познато име, бидејќи на 58-годишна возраст почина Ерик Рој. Тажната вест ја потврди неговото семејство. Рој беше актуелен тренер на Брест, клуб кој го презеде во 2023 година и со кој испиша историја. Под негово водство, тимот се избори за прв пласман во Лигата на шампионите. Пред тренерската кариера, […]

пред 11 часа
Фудбал

Реал Мадрид го потврди и Бернардо Силва

По објавувањето на ангажманот на Марк Кукуреља, Реал Мадрид денеска потврди уште едно засилување за следната сезона, Бернардо Силва од денеска и официјално е играч на кралскиот клуб. Реал Мадрид ги победи Барселона и Атлетико Мадрид во трката по потписот на Силва кој на Бернабеу пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со Манчестер […]

пред 13 часа
Ракомет

Вардар аплицираше за ЛШ, ЕХФ објави кога ќе се знаат учесниците

Ракометниот клуб Вардар поднесе апликација за место во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, а Европската ракометна федерација објави дека конечната листа на учесници ќе биде објавена на 22 јуни.

пред 13 часа
Фудбал

За бразилскиот Роландо нема дилеми: Меси е најдобар на сите времиња

Луис Назарио Да Лима Роналдо, има само пофални зборови за Лео Меси кој Светското првенство го почна со хет-трик против Алжир. Лионел Меси тргна со три гола на еден меч на овој Мундијал, притоа стана најдобар стрелец на Светските првенства израмнувајќи се со Мирослав Клосе. „Рекордите се тука за да се соборат и не е […]

пред 15 часа
Фудбал

Силекс, Шкендија и Вардар ги дознаа можните противници за КЛ

Денеска беше извршена ждрепка за второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, македонските претставници ги дознаа потенцијалните противници. Силекс синоќа дозна дека во првото коло ќе игра против Динамо Минск, доколку помине, во второто квалификациско коло ќе се сретне со Нефчи од Азербејџан. Шкендија во првото коло ќе игра против Европа од Гибралтар, а […]

пред 17 часа
Фудбал

Иранските власти покренаа постапки против своите навивачи

По натпреварот против Нов Зеланд, иранските власти идентификуваа и покренаа правни постапки против навивачите кои го извикаа химната и го носеа старото знаме. Доколку се докаже вина, имотот ќе им биде замрзнат.

пред 18 часа
Фудбал

Спалети има желба: Елиф Елмас во Јувентус!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас би можел да направи трансфер во Јувентус, ова ќе се случи доколку раководството на клубот од Торино му ја исполни желбата на тренерот Лучано Спалети. Со крајот на сезоната на Елмас му истече позајмицата во Наполи. Тој е играч на Лајпциг, но многу е мала веројатноста дека ќе се врати да […]

пред 18 часа
Фудбал

Вардар ако го мине Купс, ќе оди во Азербејџан или Велс

Македонскиот шампион, Вардар, денеска го доби можниот противник за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите каде ќе игра доколку го помине финскиот Купс. Ако Вардар биде подобар во двомечот против Купс, во следната рунда ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Сабах од Азербејџан и Њу Сеинтс од Велс. „Црвено-црните“ важеа за носители […]

пред 19 часа
Телевизија

Денеска на Арена М: Мундијал, одбојка, кошарка…

Преносите на Арена Спорт Македонија денеска ќе почнат уште во 14 часот со одбојкарскиот меч меѓу девојките на Србија и Јапонија, ќе го емитуваме и дуелот меѓу Турција и Белгија. Фудбалските натпревари денеска започнуваат со натпревар на Португалија од 19 часот. Роналдо ќе го почне настапот на својот последен Мундијал во кариерата. Португалците играат против […]

пред 20 часа
Фудбал

Требаше ли Меси да добие црвен картон? (ВИДЕО)

Лионел Меси имаше фантастичен старт на Мундијалот, постигна три гола во победа на Аргентина над Алжир од 3-0, но имаше и еден спорен момент. По половина час игра на мечот, Меси стартуваше со отворен ѓон врз играч на Алжир. Според многумина ова беше старт за црвен картон, Меси не доби ниту жолт. Messi just got […]

пред 22 часа
Фудбал

Австрија го победи Јордан на стартот од Мундијалот (ВИДЕО)

Австрија со 3-1 ја совлада селекцијата на Јордан во меч од првото коло на Светското првенство, два од трите погодоци беа прекрасни. Резултатот беше отворен во 21. минута кога по една долга акција, Шмид постигна фантастичен гол од далечина за водство на Австрија од 1-0. По пет минути игра во вториот дел, контра напад на […]

пред 23 часа
Фудбал

Халанд тргна во голем стил, два гола и убедлива победа на Норвешка (ВИДЕО)

Норвешка со 4-1 го победи Ирак, а Ерлинг Халанд ги постигна првите голови на Светските првенства. Главната ѕвезда на Норвешка, Ерлинг Халанд, имаше старт од соништата на Светските првенства. Тој го отвори синоќешниот меч со погодоци, даде гол во 29. минута за водство на Норвешка од 1-0. Ирак успеа да изедначни, Хусеин стрелаше прецизно во […]

пред 23 часа
Фудбал

Само титула е успех за Португалија, Конго е навикнат на притисок

Последна шанса за Кристијано Роналдо да освои мундијалски трофеј, Португалија почнува против незгодниот ДР Конго. Португалија има нова одлична репрезентација, меѓу главните кандидати е и за титулата на Светското првенство, па автоматски е фаворит во дуелот со ДР Конго. Третото место 1966-та година и полуфиналето во 2006-та не се предизвик, Португалија предводена од Кристијано Роналдо […]

17. јуни 2026
Фудбал

Каков старт на Мундијалот, хет-трик на Меси против Алжир! (ВИДЕО)

Лео Меси имаше неверојатен старт на Мундијалот, Аргентина го победи Алжир со 3-0, а тој ги постигна сите три погодоци. Меси шоу во Канзас Сити, немаше подобар начин за старт на Светското првенство, има 38 години, но уште е брилијантен. Први на погодок се израдуваа Алжирците, во осмата минута гол даде Чаиби, но погодокот беше […]

17. јуни 2026
Фудбал

Мбапе го помина Жиру, стана најдобар стрелец во Франција

Килијан Мбапе го помина Оливие Жиру на вечната листа на стрелци на француската репрезентација. Со денешните два гола, Мбапе дојде до 58 погодоци за националниот тим, поминувајќи го Жиру. А првата честитка за Мбапе стигна токму од Жиру. „Честитки Килијан, успеа! Навистина сум среќен за него. Тој го заслужи тоа“, рече Жиру. Интересно, Мбапе има […]