Фудбал

Херојско деби на Мундијалите со 40 години, човекот кој ја запре Шпанија! (ВИДЕО)

Херојско деби на Мундијалите со 40 години, човекот кој ја запре Шпанија! (ВИДЕО)

Зеленортските Острови направија вистинска сензација на Светското првенство откако одиграа 0-0 против Шпанија, а херојот се вика Возиња.

Тој е 40-годишен голман кој денеска правеше чуда на голот. Делуваше сигурно, во секој момент знаеше што прави, имаше неколку фантастични одбрани и беше прогласен за играч на мечот.