Фудбал

Мартинез ќе заработи милиони за поддршката што му ја дава на Роналдо

Мартинез ќе заработи милиони за поддршката што му ја дава на Роналдо

Кристијано Роналдо е мета на многу критики поради лошите настапи на последните натпревари на Португалија кои кулминираа на мечот со ДР Конго, но Португалецот има безрезервна поддршка од селекторот Роберто Мартинез.

Дури и да го освои Светското првенство со Португалија, Мартинез нема да остане на селекторската функција.

Последните информации велат дека Роберто Мартинез почнал преговори со Ал Наср за да биде нивниот следен тренер.

Ваквите гласини наидоа и на негативни реакции кај фановите на Португалија кои сега сметаат дека ова е причината поради која Роналдо постојано е на теренот.

Мартинез ќе добие богат договор во клубот каде што Роналдо го има главниот збор.