Други спортови

Славески го претепа Тељо, осма победа во БКФЦ за Македонецот

Славески го претепа Тељо, осма победа во БКФЦ за Македонецот

Македонскиот борец, Гого Славески, ја оствари осмата победа во БКФЦ (бокс со голи раце) откако го совлада Џони Тељо со едногласна одлука на судијата.

Славески доминираше во борбата која имаше пет жестоки рунди, неколкупати го испрати во нокдаун, но Тељо беше цврст борец и не падна и покрај многуте добиени удари.

Судиите немаа голема дилема и без размислување го прогласија нашиот борец за победник.

Oва е осма победа на Славески во својата деветта борба во кариерата. Тој е и поранешен шампион во ова натпреварување.