Фудбал

Реал Мадрид го потврди и Бернардо Силва

Реал Мадрид го потврди и Бернардо Силва

По објавувањето на ангажманот на Марк Кукуреља, Реал Мадрид денеска потврди уште едно засилување за следната сезона, Бернардо Силва од денеска и официјално е играч на кралскиот клуб.

Реал Мадрид ги победи Барселона и Атлетико Мадрид во трката по потписот на Силва кој на Бернабеу пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Сити.

„Реал Мадрид и Бернардо Силва постигнаа договор, тој ќе биде фудблаер на Реал Мадрид во следните две сезони, до 30 јуни 2028 година“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Наскоро се очекува клубот да ги потврди и Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис.