Фудбал

Работнички го декласира Шкупи со 7:0 во претпоследниот натпревар од ПМФЛ

Работнички го декласира Шкупи со 7:0 во претпоследниот натпревар од ПМФЛ

Во директен дуел на екипи кои следната сезона ќе играат во понизок ранг, Работнички го наполни Шкупи со убедливи 7:0.

Во претпоследниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига, екипата на Работнички оствари убедлива победа над Шкупи со резултат 7:0 (5:0). Овој натпревар ги соочи двата тима кои веќе обезбедија испаѓање од елитната лига и следната сезона ќе се натпреваруваат во понизок ранг.

Разликата во квалитетот беше очигледна, особено ако се земе предвид дека Шкупи цела сезона игра со младински состав, што ги прави најслаб тим во Европа со само еден освоен бод пред последното коло од македонскиот шампионат.

Работнички доминираше од самиот почеток на натпреварот одигран во Скопје. Уште во првото полувреме, „романтичарите“ постигнаа пет погодоци, најавувајќи ја високата победа. Во вториот дел, мрежата на чаирчани се затресе уште двапати, поставувајќи го конечниот резултат од 7:0.

Ова беше претпоследен натпревар за двете екипи во тековната сезона од ПМФЛ. Во последното коло, Работнички ќе биде домаќин на Тиквеш, додека Шкупи ќе гостува кај Брера Струмица.


Izvori