Македонската фудбалска репрезентација денеска има нов предизвик, играме пријателски натпревар против Турција во Истанбул, домаќинот е фаворит, а за нас ова е нова шанса за воигрување по теркот на новиот селектор Гоце Седлоски.
По натпреварот со Босна и Херцеговина во Сараево, Македонија и денеска ќе „загрева“ учесник на Мундијалот, денешниот противник е Турција.
Турците под водство на Винченцо Монтела креираа селекција за почит во која има неколку млади фудбалери кои се веќе ѕвезди во европскиот фудбал како Јилдиз и Ѓулер, а има и искуство како она на Чалханоглу.
Македонија под водство на Гоце Седлоски се уште нема постигнато гол, поминаа три меча, па можеби токму денеска е денот кога за првпат ќе се израдуваме на погодок во ова ново поглавје за нашата репрезентација.
Се очекува и на денешниот натпревар Седлоски да им даде шанса на што повеќе играчи од оние кои ги поведе за овие мечеви.
Натпреварот меѓу Турција и Македонија почнува од 18:30 часот.