Фудбал

Испишана историја: Никој немал тим како Мароко на Светските првенства (ФОТО)

Испишана историја: Никој немал тим како Мароко на Светските првенства (ФОТО)

Мароканската репрезентација се претстави во одлично издание против Бразил, доминираше во голем дел од мечот и остана непоразена, натпреварот заврши 1-1.

Она што е посебно интересно се случи од 65. минута. Мароко стана првата репрезентација во историјата на Светските првенства што немаше ниту еден фудбалер на теренот кој е роден во самата земја.

Во стартниот тим имаше само еден играч кој е роден во Мароко, а кога тој беше заменет, сите на теренот беа фудалери кои биле родени во други земји.