Пријателскиот натпревар меѓу Ирска и Катар беше двапати прекинат од домашните навивачи кои фрлаа тениски топчиња со палестински знамиња, протестирајќи против претстојните натпревари со Израел.
Навивачите на ирските прволигашки клубови, здружени во својата намера, двапати го прекинаа пријателскиот натпревар меѓу Ирска и Катар. Нивната цел беше јасно да ја изразат својата порака до фудбалските челници во земјата, барајќи откажување на натпреварите против Израел во новото издание на Лигата на нации.
Протестот се одвиваше со фрлање тениски топчиња на теренот, на кои беа насликани палестински знамиња. Покрај знамињата, на топчињата имаше и налепници со натпис „запрете ја играта“, што дополнително ја потенцираше нивната порака.
Ирска треба да одигра два натпревари против Израел, но навивачите недвосмислено ставија до знаење дека не сакаат нивниот национален тим да се натпреварува против земја која, според нивното мислење, спроведува терор во Појасот Газа. Овој протест се случи и покрај апелите на властите за мирно навивање и искрена поддршка за репрезентацијата.
И покрај прекините, натпреварот беше доигран, а Ирска забележа минимална победа од 1:0 против Катар. Единствениот гол на натпреварот го постигна Нејтан Колинс во петтата минутa.