Спорт

Денеска на Арена М: БиХ го почнува Мундијалот, Партизан брани „меч топка“, Македонија игра одбојка

Денеска на Арена М: БиХ го почнува Мундијалот, Партизан брани „меч топка“, Македонија игра одбојка

Покрај редовната програма од Светското фудбалско првенство, денешниот ден на каналите на Арена Спорт Македонија ќе биде збогатен со преноси од кошарка и одбојка.

Вечерва Босна и Херцеговина го почнува настапот на Светското првенство, а прв противник ќе им биде домаќинот Канада, мечот се игра во Торонто од 21 часот.

Мундијалската програма на Арена Македонија стартува еден час порано со емисијата посветена на Светското првенство.

Во три часот по полноќ уште еден домаќин ќе ја има мундијалската премиера, САД игра со Парагвај.

На вториот канал на Арена Спорт Македонија ќе може да гледате пренос од четвртиот меч од финалната серија во АБА лигата меѓу Партизан и Дубаи. Црно-белите мора да победат за да се изборат за мајсторка, Дубаи има предност од 2-1.

Македонските одбојкарки во 19:30 часот имаат нов предизвик во Европската лига. Во Аликанте играме против домашната селекција на Шпанија. Пренос од натпреварот ќе оди на третиот канал на Арена Спорт Македонија.

Одбојката на овој канал ќе ја продолжиме со дуелот меѓу Белгија и Србија во рамките од Лигата на нации, тој меч почнува од 21:30 часот.

Програма во живо на Арена М премиум:

Арена M1 премиум:
20:00 Емисија СП фудбал
21:00 Канада – БиХ (фудбал)
03:00 САД – Парагвај (фудбал)

Арена M2 премиум:
20:00 Партизан – Дубаи (кошарка)

Арена M3 премиум:
19:30 Македонија – Шпанија (одбојка)
21:30 Белгија – Србија (одбојка)