Фудбалерите на Торино во ефикасен натпревар славеа победа над Монца од 3-2 во осмото коло во Серија А.
Првото полувреме не донесе многу возбудувања и единствениот гол беше постигнат во првиот шут во рамките од голот на некоја екипа кога во 39-тата минута погоди Фитц-Џим. Монца се врати веднаш на почетокот на второто полувреме кога Варела го израмни резултатот во 47-та минута.
Торино до второ водство стигна во 61-та минута со голот на Белгхали. Прашањето на победникот беше решено десетина минути подоцна кога Никола Власиќ стрелаше за 3-1.
До крајот гостите успеаја само со автоголот на Патерсон во четвртата минута од судиското продолжение да го ублажат поразот.
Со овој триумф Торино влезе во една добра серија од три победи во низа со што дојде до 13 бода на осмата позиција, Монца е подоле на 14-тата со седум освоени бодови. Во следното коло Торино ќе игра дома со Комо, а Монца ќе го пречека Наполи.
Oстанати резултати:
Жалгирис – Асвел 105:85
Париз – Валенсија 93-104