Германија немаше милост за Курасао – му даде седум гола (ВИДЕО)
Германците покажаа моќ против дебитантот Курасао иако се чини дека победата беше остварена со половина сила, конечниот резултат беше 7-1. Натпреварот на „НРГ Стадионот“ во Хјустон понуди вистинска голеада. Аутсајдерот парираше до пред полувремето, меѓутоа потоа следуваше сериозен пад и тоа се одрази на резултатот. Првиот гол беше дело на Феликс Нмеча во шестата минута […]