Херојско деби на Мундијалите со 40 години, човекот кој ја запре Шпанија! (ВИДЕО)
Зеленортските Острови направија вистинска сензација на Светското првенство откако одиграа 0-0 против Шпанија, а херојот се вика Возиња. Тој е 40-годишен голман кој денеска правеше чуда на голот. Делуваше сигурно, во секој момент знаеше што прави, имаше неколку фантастични одбрани и беше прогласен за играч на мечот.