Струга се поднови со засилување од Нигерија!
Фудбалскиот клуб Струга ТЛ промовираше ново засилување, се работи за 20-годишниот нигериски фудбалер, Даниел Акинлосоту. Тој во Струга доаѓа од кипарскиот клуб Морменексе, претходно бил член на Аланијаспор. Бил дел и од академијата во овој турски клуб. Главна позиција на Акинлосоту е десно офанзивно крило, може да игра и на левата страна.