Фудбал

Tри репрезентации во битка за тинејџерот кој го урна Интер среде Милано!

Tри репрезентации во битка за тинејџерот кој го урна Интер среде Милано!

Напаѓачот на Клуб Бриж, Николо Тресолди, се наоѓа пред важна одлука за својата репрезентативна иднина, бидејќи има можност да настапува за Германија, Италија или Аргентина.

Според информациите што ги објави Фабрицио Романо, за услугите на младиот напаѓач веќе се заинтересирале Јирген Клоп и Роберто Манчини, кои стапиле во контакт со него.

Тресолди во моментов ја претставува Германија на репрезентативно во генерацијата до 21 година, со која ќе настапува до крајот на Европското првенство, но конечната одлука за сениорската репрезентација се очекува да ја донесе во наредните месеци.

Младиот голгетер веќе го привлече вниманието на европската фудбалска јавност со своите настапи. Оваа недела блесна против Интер, постигнувајќи хет-трик во победата на Клуб Бриж од 4-3 среде Милано во Лигата на шампионите.

Со оглед на неговиот потенцијал и интересот од големите фудбалски имиња, изборот на репрезентација би можел да биде една од најважните одлуки во неговата кариера.