Натпреварот од 14. коло во српската Суперлига меѓу Раднички Ниш и Железничар, кој беше закажан за денеска од 18:00 часот, нема да се одигра денеска.
Причината за одложувањето е сериозен дефект на електроенергетската мрежа, поради кој дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија, па не биле исполнети неопходните услови за одигрување на средбата.
Според најавите, натпреварот нема да се игра ниту утре и новиот термин е 25 ноември.
