Фудбалскиот свет вечерва е во исчекување на доделувањето на „Златната топка“, најпрестижното индивидуално признание во светот, победникот според најавите се очекува да биде прогласен околу 23 часот.
Досега „Франс Фудбал“ во неколку пресеци ги објави фудбалерите од 30-тата до 11-тата позиција, па останува да се рангираат уште десетмина.
Едно од изненадувањата досега можеби е Мексиканецот, Хулијан Кињонес кој игра во Саудиска Арабија во тимот на Ал Кадсија. Уште еден кој не настапува во Европа е поранешниот фудбалер на Ливерпул, Садио Мане кој го носи дресот на Ал Наср. Сите останати се фудбалери на европски клубови.
Ќе потсетиме за главни фаворити важат: Хари Кејн, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.
